Во светот постојат природни реткости и убавини, кои благодарение на човечката негрижа и несовесната желба за збогатување од ден на ден полека исчезнуваат пред нашите очи. Еве некои од нив.

1. Националниот парк Врангел-Сент Елајас

cd01

Популарноста на теренските возила оштетила повеќе патеки и потоци. Луѓето можеби побрзо пристигнуваат до убавите глетки, но на штета на истото место на кое му се восхитуваат.

2. Еверглејдс

cd02

Урбаниот развој и загадувањето придонеле за уништувањето на повеќе од половина од најголемата суптропска дивина во САД, којашто исто така е дом и на загрозената кожеста желка.

3. Националниот парк Глечер

cd03

Пред климатските промени, при посетата на овој парк можеа да се видат 150 глечери. Сега нема ни 25.

4. Националниот парк Јелоустоун

cd04

Најстариот парк во Америка страда од загадување на воздухот и наезда на инсекти кои ги напаѓаат белите борови.

5. Националниот парк Денали

cd05

Во националниот парк Денали, кадешто наоѓа највисокиот врв во САД, се топат глечерите како резултат на климатските промени. Слабото паѓање на снег исто така лошо се одразува врз дивите животни.

6. Мртво Море

cd06

Нивото на солената вода која прави да можете да лебдите во водата како пловка за рибарење секоја година се намалува за триесеттина сантиметри во последните 40 години. Козметичките компании кои вршат ископувања во потрага по минерали уште повеќе допринесуваат за сушењето.

7. Антарктик

cd07

Ако температурите продолжат да се зголемуваат, научниците предвидуваа дека во текот на следните 20-40 години ледот сосема ќе се истопи, што ќе доведе до трагични последици по дивиот свет.

8. Малдиви

cd08

Наоѓајќи се на само 2.5 метри над морското ниво, повеќето научници се согласни дека овие острови се осудени на пропаст доколку продолжат климатските промени.

9. Амазонската прашума

cd09

Во минатото малку се подзапре со уништувањето на „Белите дробови на светот“, откако се крена свеста за поразителните ефекти на неконтролираното сечење на дрвјата, земјоделството и агробизнисот врз екосистемот на Амазонската шума, но тие штетни дејствија во последно време повторно земаат замав.

10. Кауаи

kauai

Најстариот остров на Хаваи е во опасност целосно да потоне во морето, како што неговото ниво продолжува да се крева.

11. Килиманџаро

cd10

Глечерите на врвот на вулканската планина се топат под притисокот на климатските промени, оставајќи сѐ помалку и помалку снег на врвот.

Сподели на Facebook
пати видено