На нашата планета има околу 200 земји и повеќе од 2,5 милиони градови, а секој од нив има нешто интересно за туристите.
Но, понекогаш овие места се толку уникатни што ќе помислите дека се наоѓате на друга планета.
Кататумбо молњи, Венецуела
Вливот на оваа река би бил совршено место за снимање трилер и хорор филмови. Тука се случува уникатен природен феномен – бројни блесоци на молњи се појавуваат по должината на брегот на оваа река дури 200 ноќи годишно, како Зевс да живее таму.
Никола-Ленивец, Калуга регион, Русија
Во 2000 година, мало село во Калуга регионот наречено Никола-Ленивец одеднаш стана објект на современа уметност благодарение на бројните инсталации. Подоцна прерасна во голем парк, каде што се одржуваат различни фестивали.
Брегот на скелетите, Намибија
Честата магла, огромни камења, бури и ладен воздух го претвораат овој дел од брегот на пустината Намиб во вториот Бермудски триаголник за бродови и китови. Замислете ги скелетите од илјадници потонати, но некогаш величествени, бродови лежат во песоците и во водите на местото каде бескрајната пустина се приклучува на бесниот океан.
Симпла Керт, Будимпешта, Унгарија
Постојат многу сали во оваа полу-уништена зграда во центарот на главниот град, каде што можете да се напиете топли пијалаци, да седнете во близина на огништето и да се восхитувате на интересниот амбиент.
Свинска плажа, Бахами
Биг Мајор Кеј е ненаселен остров во Карипското Море. Па, не сосема – тука нема луѓе, но има многу диви свињи кои живеат во оваа област. Никој за сигурно не знае како овие свињи успеале да го окупираат целиот остров на Бахамите, но најраспространетите верзии велат дека тие дошле тука по бродолом или дека пиратите ги довеле на островот.
Салар де Ујуни, Боливија
Иако на првата фотографија изгледа како замрзнато езеро, не станува збор за тоа. Всушност, тоа е суво солено езеро во жешка област на Боливија. Тоа има различни модификации: за време на сезоната на монсуните, тоа е огромно огледало кое го рефлектира небото поради тенок слој на вода, за време на сушната сезона, се покрива со живописната 6-аголна корка и на зајдисонце станува розово. Овде лесно може да се видат убави лами и фламинго, како и огромни кактуси кои растат долж брегот.
Пер Лашез, Париз, Франција
Легендарните гробишта во француската престолнина се место каде што се спојуваат убави скулптури, толпи туристи и бесмртни личности што се закопани овде. Еве само неколку од нив: Оноре де Балзак, Молиер, Фредерик Шопен, Џим Морисон, Жорж Бизе, Делакроа и Едит Пјаф.
Хобитон, Матамата, Нов Зеланд
Кога го создавал легендарниот филм Господарот на прстените, режисерот Питер Џексон одбил да работи на вештачки сет и возел низ цел Нов Зеланд во потрага по вистинско хобит-село. И го нашол ова место – тоа било дел од фармите на периферијата на селото Маматмата, кое денес се нарекува Хобитон.
Валпараисо, Чиле
Живописното пристаниште лоцирано меѓу океанот и ридовите се смета за еден од најневообичаените градови во Латинска Америка. Излитени куќи и бескрајни лавиринти од стари и шарени згради со графити на нив оставаат незаборавен впечаток.
Халштат, Австрија
Австриското село Халштат, лоцирано меѓу езерото со истото име и Алпите, е вистински австриски црн бисер. Исто така, тоа е Светско наследство на УНЕСКО. Областа помеѓу планините и езерото е толку тесна што властите мораа да ја изградат железничката пруга на спротивната страна на езерото. Затоа жителите на селото треба да одат со чамци ако сакаат да се качат на воз. Самото село наликува на бајка.
Флај Гејзер, Невада, САД
Овој феномен со бои на виножито бил создаден како резултат на дупчење од страна на геотермална компанија во 1964 година. Тие биле во потрага по извори на геотермална енергија, но сфатиле дека водите не биле доволно топли. По некое време, компанијата се обидела повторно да го запечати гејзерот, но бил премногу силен и исфрлал вода над 5 метри. На крај, било одлучено да се остави гејзерот како што е. Со текот на годините, тој станал прекриен со минерали и шарени алги и се претворил во магично мочуриште кое денес привлекува многу туристи.