Ние сме навикнати да размислуваме за децата како речиси беспомошни мали суштества кои зависат од нас за сè. Сепак, тие имаат силни личности, а некои од нив имаат огромни срца – толку големи, што ворасните би можеле да се засрамат. Без разлика дали тие ги даваат своите вишок играчки на оние кои им се потребни повеќе или им помагаат на зајаците во засолништето, тие ни даваат одлични примери за следење.
1. Ручеци за сите.
Оваа фотографија ја направил татко кој е многу горд на својот син. Момчето ги штедело своите пари во текот на целата година за да им помогне на луѓето. Тој заштедил 120 долари и ги искористил парите за да направи ручеци за бездомниците во Хјустон, Тексас.
2. Полицајците се вистински херои.
За Оливер Дејвис, неговите омилени суперхерои не се Спајдермен или Бетмен, кои се сакани од сите други деца; неговите суперхерои се полицајците. Затоа еден ден, Оливер одлучил да направи нешто убаво за нив и тој стоел пред неговата куќа и почнал да нуди крофни и лимонада за сите полицајци. Тој поделил скоро 120 крофни и нахранил речиси 100 полицајци.
3. Секој заслужува малку млеко.
Еден ден, 5-годишната Саншајн Олфке одеднаш забележала дека не сите нејзини соученици имале млеко во кесите за ручек, а таа го имала секој ден. Таа донела одлука да ги земе зштедените пари од касичката за да купи млеко за своите соученици. По ова, таа одлучила да оди уште подалеку. Бабата на Саншајн помогнала да се соберат скоро 600 долари кои ги потрошила за да им помогне на соучениците чии што семејства биле сиромашни.
4. На училиште преку снег и лапавица.
„Замрзнатото момче“ (клик тука) е 8-годишното момче чија што коса му замрзнала затоа што пешачел 4,5 километри до училиштето во студено зимско утро. Ванг Фуман немал зимска облека на себе и се борел со температура од минус девет, за да решава тест во еден мал град во Шаотонг, провинцијата Јунан во јужна Кина.
5. Засолништа за бездомници.
Кога ова мало девојче, чие име е Хајли, за првпат видело бездомник на улица, таа донела одлука да им помогне на луѓето кои имаат потреба од помош. Таа не само што му донела ручек на бездомникот, туку потоа започнала сопствена добротворна организација. Таа сега одгледува храна за бездомници и гради засолништа за нив.
6. Малиот Супермен.
Стефан Вилијамс, 8 години, кајакарел кога видел луѓе кои стоеле на карпите обидувајќи се да стигнат до плажата. Стефан безбедно ги префрлил на плажата. Неколку дена подоцна, Стефан слушнал 2 момчиња кои свиреле за помош. Тие биле заглавени на карпите и плимата била повисока од вообичаеното. Овие момци биле смрзнати, гладни и нивните телефони биле мртви, но тие имале среќа да бидат спасени од Стефан. Овој мал херој спасил 5 животи за помалку од една недела!
7. Малата Златокоса.
Ариана имала само 3 години кога решила да ја исече косата за да ја даде на друго девојче која ја изгубила поради нејзината болест. Таа рекла: „Ох таа може да земе малку од мојата коса.“
8. Младиот хуманист.
Питер Ларсон бил толку инспириран од презентацијата на Боб Фишер, автор на „Sleep Out“, организација која обезбедува помош за обезбедување дом на сиромашни семејствата. Петар одлучил да го следи Боб и со спиење во вреќа за спиење, тој собрал над 500.000 долари. Оваа сума на пари е доволна да им помогне на речиси 1.000 семејства. За негова помош, Петар ја доби наградата „Добриот Самарјанин“.
9. Пари за зајаци.
Киана е мало девојче кое толку многу ги сака животните што одлучила да ги продаде сите нејзини играчки за да собере пари за да им помогне на вистинските животни. Таа ги ставила парите во картичка и ја испратила во едно од локалните засолништа за животни. Нејзините пари се користеа за подобрување на животните услови на животните.
10. Штанд за играчки.
Блејк Ворк сакал да ги подари неговите играчки на децата кои не можат да си дозволат свои. Тој направил штанд за играчките пред неговиот дом.
11. Обновување на дивиот свет.
Оливија Булер почнала да собира пари за добротворни цели откако во текот на 2010 година се случило истурање на нафта во Заливот. Таа била загрижена за птиците и одлучила да стане дел од волонтерската група, The Audubon Society. Оливија почнала да црта слики со птици за луѓето кои донирале за обновување на дивиот свет и нејзините напори помогнале да се соберат над 200.000 долари.