Денешното школство, и кај нас и во странство, е претежно ориентирано кон меморирањето и бубањето на лекциите на памет, а не на некои практични знаења кои ни се потребни во животот. За тоа не треба да се обвинуваат наставниците, бидејќи тие сепак се трудат тоа да го изменат, туку виновна е инертноста на целиот систем, нестручноста и немањето желба малку да се излезе од утврдените обрасци. Не можеме ни сѐ да им струполиме на грб на родителите, бидејќи и тие се во недостиг на време, а прашање е и колку тие самите знаат.
Ќе наброиме единаесет нешта за коишто мислиме дека би требало да се учат на училиште, а ако вие мислите дека уште нешто треба да се додаде на списокот, ќе ни биде драго да го споделите тоа со сите нас во коментарите.
1. Управување со времето
Еден од најголемите проблеми со кој се соочуваат учениците, студентите, но и возрасните луѓе, е недостатокот на време за сето тоа што сакаме да го направиме. Неуспехот не секогаш е резултат на нечија мрзливост или недостаточна интелегенција, туку на незнаењето како добро да се организираме, А тоа навистина е вистинска вештина, којашто се изучува како вистинска наука. Најчестите грешки коишто луѓето ги прават кога сами се организираат е, или да почнат премногу нешта во исто време, или да се преоптоварат, или сѐ да остават за последниот миг. Кога децата, уште во времето кога се создаваат навиките, би научиле како подобро да се организираат, ние би имале многу поуспешни луѓе. Дури и на самите наставници би им било од полза да ја совладаат оваа вештина.
2. Готвење и домаќинство
Денешните луѓе сѐ помалку готват. Причината за тоа е недостаток на време, но подоцна се паѓа во маѓепсан круг. Родителите кои немаат време, ни своите деца не ги учат на готвење, па така тие подоцна и кога би сакале да готват, не го умеат тоа. Знаеме дека готвењето е здраво и економски исплатливо, па со тоа на никого нема да му штети да ги совлада основните вештини на готвењето.
3. Борба со законите и бирократијата
Не постои личност којашто не си ги изгубила нервите поднесувајќи разноразни барања, тужби, молби и други слични процедури кон бирократските служби. Бирократијата си има свои правила, а обичниот граѓанин не е упатен во нив. Затоа, кога ќе појдете во општината да поднесете барање за социјална помош, легализација на куќата или слично нешто, почнува вистинска ноќна мора. Постојано ви се бараат некои нови документи, а вие не знаете што и како да направите.
Тоа се однесува и на познавањето на законот. Секој нема пари да ангажира адвокат за секоја ситница, но не знае ни како да се носи со неки ситни правни загатки во кои ќе падне. На пример, што да се прави ако работодавачот ви понуди договор за спогодбено раскинување, или како да поднесете барање за социјална помош, итн. Не само што не сте свесни кои се вашите права, туку не умеете ни да се изборите за нив.
4. Вештина на учењето
За успех во животот секогаш е добро да поседувате вештини кои се бараат на пазарот (освен ако не планирате да се занимавате со политика). Стекнувањето на тие вештини на некого му оди полесно, а на некого потешко. Сите тие техники се засновани на резултатите на психолошки истражувања, и од најголемиот мрзливец можат да направат врвен експерт. За жал, тоа кај нас го нема и тоа е вистинска штета.
5. Штедење и управување со финансиите
Зошто и кога да земете кревет, што е тоа инфлација и како да ги избегнувате стапиците на претераното трошење се вештини коишто се неопходни, а коишто многумина, за жал, ги стекнуваат дури кога ќе стане предоцна.
6. Чувањето на душевното здравје
Големо мнозинство од населението денес страда од стрес и депресија, што поради претераното работење, што поради немаштијата и проблемите. Подготвувањето на децата однапред за такви ситуации во многу што подоцна може да го олесни нивниот подоцнежен живот.
7. Критичко размислување и трагање по информации
Децата треба да се учат дека не треба да веруваат во сѐ што ќе прочитаат, и дека тоа што експертите го говорат не секогаш е точно. Денес се зборува едно, а утре ќе се испостави нешто сосема друго. Затоа децата треба да се учат да развиваат свое сопствено мислење, и самите да трагаат по доверливи информации, независно од експертите и телевизијата.
8. Програмирање
Наскоро нема да биде доволно да се умеат основните функции на компјутерот и програмите за обработка на текст и табели. Всушност, во некои основни училишта на запад сите деца почнуваат да учат програмирање. Со развојот на информационите технологии, побарувачката за такви работни места ќе порасне. Едноставните работи ќе ги обавуваат роботи, а луѓето ќе мора да работат доста посложени работи. Затоа децата би требало да се подготвуваат на време.
9. Основи на прва помош и лична заштита
Замислете си да сте сведок на сообраќајна несреќа. Што прво би требало да сторите за да им помогнете на жртвите? Умеете ли на некого да му го запрете крварењето или да помогнете на било кој начин? Ако одговорот е да, тоа веројатно не сте го научиле на училиште. На децата им се потребни знаења, не само како на другите да им помогнат во несреќа, туку како и себеси да се спасат од опасни ситуации, на пример, како да се однесуваат кога во зградата ќе избие пожар.
10. Здрав живот
Ооколу нас има сѐ повеќе отрови и поединецот не знае како да ги избегне. Сите компании за себе тврдат дека произведуваат здрава храна, но како да препознаеме дали тоа е точно? Залудно е тоа што на секоја храна ни ги пишуваат состојките и начинот на подготовка, кога ние тоа не знаеме да го протолкуваме. Затоа би било многу полезно на училиште да се учи разликувањето на здрави од нездрави активности, сѐ во склад со најновите научни откритија.
11. Бегство од рекламите
На сите нас би ни користел еден краток курс по здрав разум. Сите често подлегнуваме на рекламите, кадешто не убедуваат дека ќе бидеме посреќни, поздрави и поубави, само ако купиме некој производ. Тоа се разбира не е точно, едноставно целта им е да не навлечат да купиме нешто. Рекламите се насекаде околу нас и тешко е да се пребориме со нив. Децата треба да се учат да не им веруваат, туку да размислуваат разумно.