Сите познати личности, вклучувајќи ги и фиктивните имаат следбеници и обожаватели. Но, некои луѓе се подготвени да преземат најдрастични мерки за да изгледаат како нивните идоли. На пример, аргентинецот Фран Маријано изгубил речиси 100 килограми за да изгледа како негов омилен пејач; Швајцарско-американскиот модел Pixee Fox не се двоумела да отстрани 6 ребра за да добие тенок појас како Џесика Рабит.
11. Меган Фокс – Клаудија Аленде
Која од овие 2 е вистинската Меган Фокс? Онаа со шапката. Збунети сте од нивната сличност? И ние исто така. Изгледа дека бразилскиот модел Клаудија Аленде повеќе изгледа како Меган отколку самата актерка. Еве уште еден необичен факт: Клаудија има повеќе од 2 милиони следбеници на Instagram што е двојно повеќе од Меган Фокс.
10. Мадона – Адам Гуера
Потребни биле 12 години за Адам Гуера од Лос Анџелес за да ја оствари својата желба да изгледа како познатата поп-икона. Тој вели дека трудот целосно вредел.
9. Рики Мартин – Фран Маријано
Аргентинецот Фран Маријано се обидува да ја достигне својата цел веќе неколку години – тој сака да изгледа како познатиот пејач Рики Мартин. За да го направи ова, Фран изгубил многу тежина. На сликата лево, подолу, може да видите како изгледал.
Тој тежел околу 170 килограми. Во 2011 година, Френ учествувал во шоуто наречено Куестион де Песо, каде што му помогнале да управува со губење на тежината.
8. Кајли Џенер – Амира Буалег
Најмладата сестра на семејството Кардашијан, Кајли, има свој сопствен Instagram двојник од Франција. Нејзиното име е Амира Буалег. Има 16 години, живее во Париз и вели дека луѓето ја гледаат како да им е позната од некаде. Исто како и Кајли, Амира ја сака козметиката и се надева дека еден ден ќе може да отпочне свој козметички бренд.
7. Супермен – Херберт Чавез
Обожавателот на Супермен од Филипините, Херберт Чавез, бил подложен на 26 операции за да се трансформира во својот херој. Тој собирал Супермен фигури уште кога имал 4 години, надевајќи се дека ќе биде ист како него еден ден. Неговиот сон се остварил кога тој наполнил 37 години.
6. Анџелина Џоли – Челзи Мар
Британката Челзи Мар, претрпела навреди од непријатни интернет-тролови поради нејзината сличност со Анџелина Џоли. Онлајн малтретирањето била една од главните причини поради кои Челзи морала да ја напушти кариерата како модел и да почне да работи како двојничка на актерката.
5. Хулк – Ромарио Дос Сантос Алвес
Еден бразилски бодибилдер мислел дека испакнатите мускули не се доволни за да изгледаат како неговиот херој – Hulk. Затоа Ромарио одлучил да направи вештачки мускули со инекции за да неговите раце изгледаат поголеми. За жал, неговиот експеримент можел да има трагичен крај, ако не го спасиле лекарите од ампутирање на рацете.
4. Ријана – Рене Куџур
Како што се испоставува, Индија има своја „Ријана“ – моделот Рене Киџур, која е навистина горда на нејзината сличност со пејачката. Таа дури има профил на Instagram под слично име badgalrene, додека Ријана е badgalriri. Нивната сличност навистина ѝ помогнала на Рене во кариерата.
3. Леонардо Ди Каприо – Конрад Ануруд
Шведскиот скејтер и модел, Конрад Ануруд, личи на Ди Каприо во младоста.
2. Ким Кардашијан – Камила Осман
Ким има многу копии, но Камила Осман од Канада е дефинитивно најпозната. Според Камила, таа никогаш не сакала да изгледа како Ким, туку тоа сличајно излегло така. Таа, исто така, учествувала во снимањето на една од епизодите на Keeping Up with the Kardashians и Ким објавила селфи од нив на нејзиниот Твитер.
1. Џесика Рабит, Малата сирена и други ликови – Pixee Fox
Шведскиот модел од Лас Вегас, Pixee Fox, изгледа како неколку Дизни ликови одеднаш. Таа го променила обликот на телото, лицето, па дури и отстранила 6 ребра за да има тенок појас како принцеза Дизни.