Тајзен Бенз од Мичиген си го одземал својот живот откако дознал дека неговата девојка е мртва. Тоа било во суштина само една невкусна шега која била испланирана од неговата девојка и нејзините пријатели. 11-годишното момче се обесило во домот на својата куќа, иако по инцидентот неговата мајка го пронашла телото и бил одвезен во болницата во Ен Арбор, каде по дво-неделни напори, докторите не можеле да го спасат неговиот живот.

 

Мајката Катрина Гос вели дека никогаш не го запознала девојчето, но се сомнева дека таа и нејзините пријатели се обидувале да го изманипулираат нејзиниот син кој бил помал од нив. Во јавноста не е познат индентитетот на девојчето со оглед дека станува збор за малолетно лице, иако во полицијата се разгледуваат доказите за неговото самоубиство. Доколку се докаже дека момчето навистина подпаднало под влијание на девојката и нејзините пријатели врсници, тогаш ќе биде поднесено обвинение против неа и ќе и се суди како на полнолетно лице.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено