Единиасетгодишно девојче само, без никаква помош ја донела на свет својата помала сестричка – и потоа смирено си отишла на училиште. Кејтлин Букри од Тамворт, Стафордсшир, била единствената личност дома кога воденикот на Тара Кнајтли ненадејно пукнал – па така таа повикала брза помош. Со помошта на амбулантниот персонал преку телефон, ученичката ја донела на свет Елза-Монет, па дури успеала да ја отплетка и папочната врвца која се замотала околу вратот на бебето.

Кејтлин потоа мирно заминала на училиште, само неколку часа откако го породила новороденчето. Воденикот на Тара пукнал само десет минути откако нејзиниот партнер Даниел Бурки го науштил домот, околу пет часот наутро. Така, останало на Кејтлин, која е најстарата од петте деца, да ја повика брзата помош и да ја насочува својата мајка низ процесот на породувањето.

bb01

Кејтлин изјавила: „Отпрвин малку бев исплашена и потресена, бидејќи никогаш во мојот живот немав видено такво нешто. Но, кога ми се роди сестрата, бев навистина сестра. Мислам дека многу е слатка и многу ја сакам. Моите пријатели на училиште и учителите беа многу среќни и горди на мене. Кога ќе пораснам, сакам да бидам акушерка.“

bb02 bb03

Тара се породувала два часа, пред да ја роди Елза-Моне во 7:17 часот. За својата ќерка таа вели: „Кејтлин беше едноставно неверојатна. Тешко ми е да го опишам со зборови тоа што таа го стори за мене. Не знам што би сторила доколку Кејтлин не беше тука. Почнав да добивам контракции, па така мојот партнер отиде да го однесе најмалото дете кај неговата сестра да го причува. Но, десет минути откако замина тој, ми пукна воденикот. Кога се случи тоа, знаев дека бебето ќе се роди набргу. ѝ кажав на КЕјтлин да повика брза помош, а тие и кажуваа што да прави преку телефон. Јас врискав од болка, а таа цело време беше смирена.“

bb04

Дури и првото појавување на новороденото бебе не успеало да ја обеспокои хрљбрата Кејтлин.

„Кога се појави главата, си помислив, морам да престанам да врескам, бидејќи мојата 11-годишна ќерка ме гледа. Ни на оваа возраст не би можела да го сторам тоа што Кејтлин го стори, а не па на единаесет години. Таа направи сѐ што и беше кажано и беше неверојатно храбра и ми пружаше поддршка. Донесе крпи, а потоа помогна да се отстрани папочната врвца, бидејќи таа се беше завиткала околу бебето, а потоа помогна во масирањето и стимулирањето на бебето, бидејќи тоа не плачеше. Сега има толку силна врска помеѓу неа и нејзината нова сестричка. Не може да ја остави сама и постојано вели колку многу ја сака. Ние толку многу се гордееме со неа.“

bb05 bb06 bb07 bb08 bb09 bb10 bb11 bb12 bb13

Сподели на Facebook
пати видено