Според ефектот на пеперутка, една мала промена може да има големи последици, и ова дете е доказ за тоа. Се започнало откако му бил подарен комплет за хеклање, навидум обичен и мал подарок, кој открил многу голем талент.
Сега тој ги користи своите вештини за да собере пари за да можат и другите луѓе да ги откријат своите таленти. Тоа е еден голем ефект кој дошол од еден таков едноставен подарок.
Кога Јона Ларсон имал 5 години, му била подарена торба со предиво и игли за хеклање. Од тој ден тој почнал да учи да хекла со гледање на видеа на Јутуб. Сега на 11 години оваа ѕвезда на социјалните мрежи и самоук ученик за хеклање има свој сопствен бизнис, Јона ‘s Hands, и неговата бескрајна мотивација го инспирира да им помогне на другите да ја најдат и следат нивната страст, како што направил тој.
Роден е во Етиопија и бил посвоен шест месеци подоцна од Кристофер и Џенифер Ларсон, кои му понудиле нов живот во Висконсин. Сепак, тој секогаш се чувствувал подготвен да ѝ врати на заедницата што ја оставил зад себе. Па сега тој собира пари онлајн, така што неговиот народ дома може да ги развие своите таленти и да ги брка своите соништа.
За тоа тој избрал да соработува со Roots Ethiopia, непрофитна организација со седиште во селото каде што е роден. Ги обучува мајките да го откријат својот потенцијал и да ги развијат своите претприемачки вештини за да можат да градат сопствени мали бизниси. На овој начин ќе имаат доволно средства за да си ги чуваат децата.
Roots Ethiopia исто така, обезбедува едукативни ресурси за руралните училишта, така што децата од Етиопија можат да напредуваат и да се радуваат на фактот дека можат да станат сѐ што ќе посакаат.
„Талентот и љубовта што доаѓаат од тој дар сега можат да се рашират низ целиот свет и да се вратат во прекрасната земја која толку многу ја сакам.
Знам како може да се развие природна вештина и сакам да го поддржам успехот на многуте работливи раце во Етиопија.“, вели момчето.