Кога одиме во странство, понекогаш јазикот може да биде пречка. Ние сакаме да кажеме една работа, но локалните жители го сфаќаат тоа како нешто друго. За среќа, јазикот на телото може да ни помогне да комуницираме кога зборовите не успеваат да го сторат тоа.

Но, како што излегува, не се создадени сите сигнали со раката еднакви. Истите гестови со рацете може да значат различни нешта во други земји. Всушност, некои невини гестови може да се сметаат како навредливи!

1. „ОК“ гест

Америка: Во ред.
Јапонија: Пари. Понекогаш гестот се прави со 3 прсти доле.
Бразил: Непристоен гест.

2. „Шипинки“ гестот

Бразил: Поздрав за среќа, одбрана од злото и љубоморните очи.

3. Гест „V“

Америка: Мир. Исто така се корист и за „V за победа“.

Кина, Јапонија, Јужна Кореја, Тајван, Тајланд: Симпатична поза кога се фотографираат.

Обединетото Кралство, Јужна Африка, Австралија, Нов Зеланд, Ирска: Кога истиот гест е направен, но со задниот дел на раката свртен кон надвор, тоа е навреда.

4. „Губитник“ гест

Америка: Обично се користи како навреда за да се каже некој губитник (loser)

Кина: Го означува бројот 8, кој се смета за среќен број.

5. Палците нагоре

Америка: Добро. Исто така се користи при автостоп.

Ирак, Иран: Навреда која е еквивалентна на пцовка

6. Малото прсте нагоре

Ние го користиме додека пиеме чај или кафе на префинет начин или пак кога даваме ветување.

Кина: Ова е исто како и давањето знак со палците надолу.

Јапонија: Симбол на љубовник или значителна личност.

7. „Дојди тука гестот“

Америка, Еквадор, Македонија: Дојди овде. Овој гест се користи и кога се заведува некој.

Филипини: Се користи само за да се повика куче. Навредливо е да се користи за луѓе и може да бидете уапсени.

8. „Мртов си“ гестот

Јапонија: Тоа значи дека „отпуштен си“. Ова е затоа што зборот куби, што значи отпуштен од работа, звучи исто како куби, што значи врат или грло.

9. „Италијанскиот“ гест

Италија: Се користи кога нешто не е јасно и треба да се разјасни.

Малезија: Тие го нарекуваат „chup“ и тоа значи „почекајте една минута“. Но, кога гестот се движи кон устата, тоа значи „јаде“.

10. Прекрстени прсти

Виетнам: Се смета дека е слично на женските гениталии, и има исто значење како и среден прст.

11. „Рокерски“ гест

Америка: Обично се користи од рокери

Аргентина, Бразил, Колумбија, Куба, Шпанија, Италија, Португалија: Овој знак се прави за да ѝ се укаже на некои личности дека нивните сопруг/сопруга ги изневеруваат.

Сподели на Facebook
пати видено