Секој ден читаме и гледаме многу информации. Ова создава речиси постојана напнатост на нашите очи. Затоа се уморни!
Многу проблеми со видот се појавуваат токму од чинот на претерано суви очи, црвенило и заматен вид. Но понекогаш вашите очи треба да се одморат и вежбите за очи можат да помогнат во тоа.
1. Трепкање
Брзото трепање во период од 2 минути ја подобрува циркулацијата на крвта.
2. Точка на стаклото
Нацртајте точка на прозорецот, гледајте во некој објект во позадината неколку секунди и потоа префрлете се на точката. Повторете го ова 5 пати.
3. Големи очи
Седнете исправено. Затворете ги очите цврсто на 5 секунди а потоа широко отворете ги. Повторете го ова 8-10 пати. Оваа вежба ги зајакнува мускулите на очните капаци, ја подобрува циркулацијата на крвта и помага да се релаксираат мускулите на очите.
4. Топли дланки
Затворете ги очите неколку минути и замислете нешто пријатно за релаксација. Потоа тријте ги дланките од рацете додека не станат топли. Покријте ги очите со вашите дланки. По една минута, отворете ги очите.
5. Масажа
Со прстите, нежно притискајте ги горните очни капаци. По 1-2 секунди, отстранете ги прстите од очните капаци. Повторете 3 пати. Таквата масажа може да ја подобри циркулацијата на интраокуларната течност.
6. Контраст-туш
Исплакнете ги очите два пати на ден. Во утринските часови, направете го тоа со топла вода, а потоа студена. Во вечерните часови, направете го тоа во обратен редослед, прво со ладна вода, а потоа со топла.
7. Очи кон палецот
Исправете ја раката пред вас и гледајте во палецот, доближувајте го палецот кон носот и постојано гледајте во него. Повторете го ова 10 пати.
8. Остро отварање на очите
Цврсто држете ги затворени очите околу 5 секунди, потоа брзо и остро отворете ги. Повторете 10 пати.
9. Круг
Полета ротирајте ги зениците на очите: 4 вртења во насока на стрелките на часовникот и 4 вртења спротивно од стрелките на часовникот.
10. Флерт
Полека движете ги очите од лево кон десно и од десно кон лево. Повотрете го ова 6 пати.
11. Симболот за бесконечност
Движете ги очите, повторувајќи го образецот на знакот за бесконечност. Започнете во центарот. Повторете 3 пати.