Ако веднаш се заљубите, без да ја познавате личноста, ако не можете да престанете да размислувате за некого, ако вашето расположение зависи целосно од тоа дали вашата сакана ќе ви се јави денес, тогаш сте склони кон нездрава емоционална зависност.
Ова обично се случува кај луѓето кои не се сакаат доволно самите себе и чувствуваат потреба да ја бараат љубовта од надвор. Ова се претвора во еден маѓепсан круг на токсични односи, но, за среќа, постои излез од тоа.
Ова се 10 алармантни знаци кои укажуваат на почеток на нездрава врска. Не дозволувајте да паднете во стапицата на токсични врски.
10. Веднаш мислите дека сте ја нашле љубовта на вашиот живот.
Откако ќе се запознаете со некоја личност која ви прави пеперутки во стомакот, оладете се малку за да видите што навистина чувствувате. Ако се најдете во таква ситуација, не се видувајте со личноста неколку дена за да размислите за неа со „ладна глава“.
9. Премногу го идеализирате парнерот/ката.
Во почетокот на врската можно е да се случи повеќе да слушаме отколку да зборуваме. Затоа слушајте внимателно. Доколку партнерот ви вели дека е „комплицирана личност“ или „не е лесно да се биде со неа во врска“ не ги игнорирајте овие работи. Затоа што тие можат да бидат искрени изјави, поради кои можете да имате понатамошни проблеми во врската, затоа што партнерот ќе мисли дека се согласувате со неговите/нејзините услови.
8. Вие ги занемарувате пријателите за да го задоволите партнерот.
Не ги занемарувајте пријателите кога ќе почнете нова врска. Нормално е да сакате да се фокусирате повеќе на личноста која што ја сакате, но имајте во предвид дека пријателите биле секогаш тука за вас и не би сакале да ги оставате на цедило или пак кога сте со нив да зборувате само за вашиот сакан/а.
7. Заборавате на вашите хобија.
Не заборавајте на работите кои што сакате да ги правите. Новата личност во вашиот живот треба да го надополни и да го направи поубав и поинтересен, а не да ги замени сите претходни активности.
6. Ги премолчувате лошите карактеристики.
Обрнете внимание на сите чувства, сомнежи кои што ги имате. Можеби навиките на партнерот кои ве вознемируваат се навистина „токсични“ и можат сериозно да ѝ наштетат на вашата врска, а и вам. Не го оправдувајте вашиот партнер и не ги прифаќајте нивните „оправдувања“.
5. Вие безусловно верувате во мислењето на вашиот партнер.
И така одеднаш почнувате да правите работи кои никогаш не би ги направиле, затоа што вашиот парнер ве убедил да го направите тоа. Со ова вие не сте искрени кон себе, а и кон најблиските. Доколку станете сенка на вашиот партнер тогаш постои ризик од многу проблеми во врската.
4. Љубоморни сте за мали нешта.
Несреќните искуства во минатото или стравот или осаменоста не треба да влијаат на вашата сегашност. Дали причините за вашата љубомора навистина постојат или дали се само во вашата имагинација? Можно е прекумерните чувства на љубомора да ве изложат на ризик да го изгубите партнерот не поради некој друг, туку поради вас.
3. Не можете да го издржите кога вашиот партнер не е наоколу.
Логично е да сакате да поминувате повеќе време со партнерот. Но, треба да го цените и времето кога не сте со него/неа, затоа што и тоа е од голема вредност. Запомнете дека постојат работи што можете (а понекогаш дури и треба) сами да ги направите. Оставете здрав простор помеѓу вас и вашиот партнер ако не сакате да се чувствувате како да се задушувате еден со друг.
2. Го оправдувате страшното однесување на вашиот партнер.
Кога сме заљубени, можеме да бидеме слепи, што е совршена опција за „токсичниот партнер“. Но, вреди да се обрне внимание на малите нешта во однесувањето на вашиот партнер кон вас и кон другите, бидејќи она што не може да го забележите преку очилата во розева боја, всушност, би можело да биде исклучително важно подоцна во врската.
1. Не можете да кажете „Не“.
Немојте да се двоумите да одбивате покани за настани кои не ви интересираат, настани што не се вклопуваат во вашиот распоред или барања за кои сметате дека се несоодветни. Нема причина да се согласите со нешто што не сакате да го направите само затоа што не сакате да го навредите својот партнер или затоа што мислите дека вашиот партнер нема да ги разбере вашите причини.