Сите сме слушнале за Александар Бел, Александар Флеминг, и Александар Македонски. Овие луѓе ја смениле историјата а на некој начин и нашите животи. Но постојат повеќе луѓе кои играле клучна улога за да го имаме овој живот денес. Очигледно историјата не ги „форсирала“ доволно овие луѓе и тие се заборавени од светот денес.
10. Хенриета Лакс: Бесмртни ќелии
Хенриета починала без да знае колку е важна за историјата. Таа починала од рак на грлото на матката. Д-р Џорџ Ото Геј го истражувал нејзиниот случај и открил дека нејзините клетки не изумираат како останатите. Клетките од нејзиниот рак во научната заедница биле именувани како ХеЛа клетки, и се најзначајното откритие во историјата на медицината. Со овие клетки е направена и вакцината за детската парализа.
9. Клистен: Демократија
Идејата за демократија била воведена во Атина од страна на Клистен во 507 п.н.е., врз основа на реформи создадени од Солон. Еден од демократските столбови во античка Атина биле судовите, или “dikasteria”, каде што имало порота, но не и судии. Поротата била бирана на дневна база од мажите гласачи со наполнети 18 години и оние кои што ќе бидат изберени имале обврска да се појават.
8. Нели Блу: Сите видови на новинарство
Блу била неверојатна жена, таа го „измислила“ истражувачкото новинарство и нејзините техники уште се користат денес за да се открие вкоренетата корупција во институциите. Таа во Мексико ја известувала за корупцијата на владата, а поминала и 10 дена во брутална лудница на Блеквел островот за да ги разоткрие суровите методи.
7. Френсис Џејмс Канова Џуниор: Паметен телефон
Френсис бил инженер на IBM, и тој го создал Сајмон персонален комуникатор, именуван по играта Simon Says (Сајмон вели), продаден со насловот „Сајмон вели едноставност“, во 1993 година. Сајмон работел како телефон, факс, пејџер и компјутер, со екран осетлив на допир, часовник, калкулатор, можност за е-пошта и игра. Сајмон имал и екран на допир и можност за предвидување на зборовите.
6. Грегори Гудвин Пинкус: Пилулата
Тој ја создал пилулата. Која пилула? Контрацептивната. Пинкус почнал да работи на првата орална контрацепција по барање на феминистката Маргарет Сангер во 1950 година.
5. Хеди Ламар: Bluetooth и Wi-Fi
Хеди Ламар и нејзиниот втор сопруг Џорџ Антил направиле иновација во радио-контролираните торпеда. Старите торпеда работеле на една фреквенција, која лесно можела да се заглави и торпедото да не ја погоди целта. Хеди и Џорџ измислиле систем кој може брзо да се префрли меѓу фреквенциите, што го отежнува заглавувањето. Овој систем претставувал основа за технологијата која подоцна ќе стане Bluetooth и Wifi. Војската не ја признавала иновацијата се до 1997 година, три години пред смртта на Хеди.
4. Перси Џулијан: Стероиди
Перси имал потешкотии во животот и образованието поради неговата раса. Џулијан развил начини да синтетизира неколку хемикалии од соја, вклучувајќи го и физостигмин (кој се користи за лекување на глауком), прогестерон, (спречува абортуси) и кортизон (олеснувч на болката). Голем дел од неговата работа ќе помогне во развојот на третмани за различни болести, кои се уште се користат денес.
3. Норман Борлауг: Џуџеста пченица
Норман Борлуг ја предводеше Зелената револуција, иницијатива за истражување и споделување на информации за зголемување на приносите од светски култури. Работејќи за проектот за глад во Мексико на Фондацијата Рокфелер, во 1940-тите и 50-тите години, Борлауг се обидувал да развие сорти на пченица што биле отпорни на болести, можеле да напредува во различни климатски услови и да произведе висок принос. Користејќи генетска манипулација и големи дози на ѓубрива, Борлауг создал џуџеста пченица, која ја направил со комбинација на големите житни глави со кратки, цврсти стебленца.
2. Лео Бакленд: Пластика
Како и многу други иновации, Лео не го сторил ова прв, имало и други луѓе пред Бакленд, како што се Александар Паркес или Бауман, но Бакленд ја направил првата целосно синтетичка пластика. Тој го создал „Бакелитот“ во 1907 година и тој веднаш станал голем „хит“ низ светот.
1. Роберт Том: Пречистителна станица
Во 1804 година, Роберт Том, градежен инженер, ја осмислил првата градска пречистителна станица во Пеисли, Шкотска. Фабриката филтрирала вода преку песок и чакал за да обезбеди чиста вода за пиење за градот. Властите забележале дека со чистата вода се намалуваат болестите и во 1852 година бил донесен закон за задолжителни пречистителни станици во секоја општина.