Кога помислуваме на убиства на „вештерки“ не мислиме на сегашноста или блиското минато, но за жал постојат и денес луѓе кои уште веруваат дека „вештерките“ постојат и тие биле спремни да направат ужасни злосторства за да се ослободат од нивната „магија“.
10. Правда по 11 години
Во 1998 во Мексико во домот на Модеста Наваро влегол човек кој ја обвинил дека е вештерка и дека го маѓепсала, тој ја претепал жената до смрт, а потоа го нападнал и нејзиниот сопруг кога се вратил дома. Потоа тој избегал во планините. 11 години подоцна Сантиаго Оливарез се вратил во Мексико надевајќи се дека неговото злосторство се заборавило, но откако нападнал уште една жена во Мексико, исто така тврдејќи дека е вештерка бил затворен и осуден и за претходното убиство.
9. Напивка за халуцинација и мачење
Во 2009 година во Гамбиа, Западна Африка почнала „кампања“ за да се отстранат „злобните вештерки“. Главните свештеници заедно со војници оделе од село во село и регрутирале луѓе. Околу 1.000 луѓе биле донесени на непозната локација каде што им била давана опасна халуциногена напивка. Оние кои преживеале од неа биле брутално мачени и убивани, бидејќи за нив се сметало дека имаат „мрачни моќи“.
8. Вуду во Њујорк
Во јануари 2014 година Алберто Амарило повикал полиција за да пријави дека убил две вештерки. Кога полицијата пристигнала Алберто смирено чекал пред куќата на неговата девојка Естреља со библија во раката. во куќата полицијата ги пронашла безживотните тела на Естреља и нејзината ќерка. Алберто тврдел дека ги убил затоа двете жени му правеле Вуду ритуали.
7. Единица против вештерки
Во 2011 година во провинцијата Кваријат во Саудиска Арабија, Амина Насар била обвинета дека е вештерка отккао властите пронашле шишенца со течност во нејзиниот дом за кој тврделе дека се користат во ритуали. И покрај молбите за простување од страна на Amnesty International, Насар била обезглавена. Ова било второ обезглавување таа година откако судански државјанин бил обезглавен во Медина затоа што против него било покренао обвинение за „магии“. Во 2009 година била формирана и единица против вештерство за да ја „едуцира“ јавноста.
6. Чекани, убиство и тужба
Во далечно село на руско-украинската граница браќата Сергеј и Саша Лебјоткин посетиле локална вештерка за да ја тргне магијата од Сергеј, кој тврдел дека му ја фрлила 22-годишната Тања Тарасова, бидејќи не сакал да ја ожени. Откако старата вештерка не можела да ја тргне магијата, Сергеј и Саша отишле во куќата на Тања и ја нападнале неа и нејзините помали сестри со чекани. Девојките преживеале, но за жал нивната мајка починала од повредите. Саша и Сергеј на суд изјавиле дека Тања и вештерка и дека таа пратила чудовиште од пеколот да ги обземе. Откако биле осудени, сопругата на Саша поднела тужба против Тања поради „клетва и уништување на животот на нејзиниот сопруг.“
5. Нацијата Бенин
Мала нација Бенин во Африка има строги правила за вештерки. Тие брутално ги убиваат бебињата кои се раѓаат наопаку, како и бебињата кои имаат одреден деформитет. Најчесто тогаш се убиваат и мајките. сиромашните деца кои крадат исто така се обвинуваат за вештерство и се убиваат.
4. Замбија
Во јануари 2017 година 80-годишна старица отишла во посета на нејзиниот внук за да го види нејзиното пра-внуче. Но, за жал додека таа била во посета бебето се разболело и починало. Внукот заминал кај локалниот бајач за да праша зошто починало неговото бебе, а тој му кажал дека баба му е вештерка и дека таа фрлила магија. Внукот се вратил дома и жива ја запалил старицата.
3. Бремена жена
Во Папуа Нова Гвинеја,во 2008 година бремена жена обвинета за вештерство била влечена а потоа обесена на едно дрво. За среќа жената успеала да се ослободи од дрвото, но од трауматичното искуство исто така се породила. Таа и бебето останале живи и биле згрижени. Но, на овие простори таа година на овој начин и поради оваа причина биле убиени околу 50 луѓе.
2. Албино
Во Танзанија на годишно ниво за маѓесништво се убиваат околу 500 луѓе, од кои најголем дел жени и албино луѓето. Во 2015 година бебе старо 1 година било сурово убиено и искасапено поради тоа што е албино. А еден месец претходно 58-годишна жена била нападната од 200 соселани, сурово убиена пред нејзиниот сопруг и децата, а потоа сите биле запалени внатре во куќата.
1. Празничен кошмар
Во 2010 година на Божиќ, 15-годишниот Кристи Баму бил во посета на неговата постара сестра во Лондон. Магали и нејзиниот партнер Ерик, брутално го претепале детето, му ги исекле ушите а потоа го ставиле во кадата за да му направат егзорцизам и го удавиле. тие пред полицијата тврделе дека детето е извор за злото.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.