Дали свеста навистина е различна од перцепцијата на свеста? Идејата за создавање на машина која е способна да ги имитира когнитивните функции на свесниот ум е неверојатен, а сепак застрашувачка. Филмовите за вештачка интелигенција се секогаш популарни а ова се едни од најдобрите во последните 10 години.

10. Машината(2013)

Програмата на МОД, предводена од генијалниот инженер по ВИ, Винсент (Тоби Стивенс), конечно ја открива мистеријата на вештачко чувство, што резултира со реалистична ВИ, Ава. Иако на првин е наивна, машината наскоро почнува да го разбира своето место во овој модерен и непријателски настроен свет.

9. Прометеј (2012)

Дејвид (Мајкл Фасбендер) е чувствителен и способен за емоции што иронично е грешката во неговиот систем. Машините би требало да им служат на луѓето, а емоциите се пречка.

8. Одмаздници: Ерата на Ултрон (2015)

Тони Старк се обидува да започне една мировна програма, но работите ќе тргнат во лоша насока и сите супер-херои ќе треба да ја запрат злобната ВИ Утрон.

7. Роботот и Френк (2012)

Овој филм покажува искрена слика за врската помеѓу човекот и машината. Загрижен за здравјето на неговиот татко, синот на Френк му подарува робот кој ќе се грижи за старецот и ќе му помага да се бори со деменција. Но Френк го користи роботот за да краде накит.

6. Чапи (2015)

Кога неуспешниот полициски дрон ќе биде репрограмиран нова свесна напредна интелигенција, малиот робот почнува да учи за насилниот свет во кој бил создаден.

5. Голем херој 6 (2014)

Големиот херој на Дизни ќе ги разнежни срцата на сите што го гледаат. За разлика од останатите филмови за ВИ овој носи многу позитивна и емотивна приказна.

4. Месечината (2009)

Осамен рудар, стациониран на Месечината, копнее за неговиот тригодишен договор да заврши за да може да се врати дома на своето семејство. По несреќа за време на рутинска патрола тој сфаќа дека тој не е единствениот Сам Бел кој живее на Месечината.

3. Воли (2008)

Овој филм доби Оскар за најдобар анимиран филм. Иако никој не зборува во филмот во првите 45 минути, самата приказна ќе Ве привлече и зборовите нема да бидат потребни.

2. Ex Machina (2015)

Овој неизвесен трилер е се што може да посака еден љубител на филмовите за вештачка интелигенција. Кога машината не успеа да го пронајде своето местото во светот „поранешната машина“ создава интересна, возбудлива и провокативна приказна, која целосно ќе го освои вниманието на гледачите.

1. Таа (2013)


Во филмот се опишува интимниот однос помеѓу осамениот писател Теодор и најсовремениот оперативен систем, Саманта. Првата свесна ВИ во светот. Иако голем број на филмови навистина ја истражуваа сферата на само-свесни машини, малкумина успеаја да ги достигнат височините на оригиналноста и темелноста што ги постигнува филмот Таа.

Сподели на Facebook
пати видено