Некои родители се толку очајни за внимание или за пари што тие одлучуваат да се преправаат дека нивното дете е многу болно. Ова е еден вид на „Синдром на Минхаузен“, само што тука наместо на себе фиктивната болест ја префрлаат на своите деца.
10. Џесика Гуд
Џесика неколку години тврдела дека нејзината ќерка е болна од рак. Таа изјавила дека девојчето е болно, само неколку месеци по нејзиното раѓање и детално опишувала какви симптоми има, какви лекови и се потребни и кои терапии ги практикува. Џесика успеала да извлече 12.000 долари од донации, 3.100 долари од локално фото-студио, 5.000 долари од црквата и донации од соседите. Но, сите почнале да се сомневаат кога девојчето не ја изгубило косата и изгледало прилично здраво. Црквата ја пријавила Џесика во полиција и таа добила 3 години затвор и 20 години условна казна, со обврска да ги врати сите пари.
9. Тереза Милбрант
Тереза и кажала на нејзината 7-годишна ќерка Хана дека е болна од леукемија и дека наскоро ќе умре. Таа и ја избричила главата и земала над 30.000 долари од донации. Исто така жената му велела на девојчето дека ќе ја носи во болница на терапија, а всушност и давала апчиња за спиење и потоа и велела дека ја примила терапијата. Во училиштето учителката забележала дека на Хана косата не и опаѓа туку дека намерно е избричена. Тереза добила затворска казна од 6,5 години, а изјавила дека нејзиниот мотив не биле парите туку дека сакала да го спречи сопругот да не си замине, но откако луѓето се понудиле да и дадат пари таа одлучила да ги прифати.
8. Венди Скот
Венди двапати глумела дека боледува од рак. Таа ја бричела главата и користела инвалидска количка. Кога ја родила нејзината ќерка решила и неа да ја „направи болна“. Венди го труела детето со магнезиум и користела шприцеви за да ја отстрани крвта од нејзиното тело. Детето завршило во болница 72 пати и кога лекарите конечно ја контактирале полицијата Венди признала и добила казна затвор од 15 години.
7. Елизабет Хуникат
5-месечниот син на Елизабет развил рамно место на главата и имал грчеви во вратот. Таа му рекла на својот сопруг дека момчето имал агенезија на корпус калозум, вроден дефетк, што влијае на мозокот и церебрална атрофија, мозочна болест. Елизабет му дава на својот син клонидин – лек за аутизам на својот постар син – да ги имитира симптомите на хидроцефалус (вода во мозокот). Таа им кажала на лекарите дека момчето не реагира и спие цел ден и тие дури направиле дупка во неговиот череп, но не нашле течноси. Еден ден свекрвата на Елизабет ја видела како му дава сина пилула на момчето и го известила сопругот на Елизабет. Тој се соочил со сопругата и таа му признала дека го труела детето. Елизабет ги изгубила своите родителски права и завршила во затвор на 10 години.
6. Кејтлин Карнлајн
Кејтлин лажела дека нејзиниот 5-годишен син има рак и собирала донации. Потоа кога ја родила нејзината ќерка велела дека има ретка генетска болест поврзана со метаболизмот. Таа всушност го изгладнувала бебето. Кога го однела во болница и го тврдела истото лекарите ја разоткриле и ја пријавиле во полиција.
5. Моника Бургет
Синот на Моника се родил предвреме и таа ја искористила таа можност да лаже дека нејзиниот син има тумор на мозокот и дека нема да издржи многу доколку не мус е направи операција. Таа ставила пластични цевчиња во носот на бебето и ја објавила сликата на сајт за донирање и собрала 40.000 долари. Таа својата измама ја вршела 10 години, а момчето мислело дека навистина е болно. Откако била разоткриена завршила во затвор, а старателството за момчето било дадено на неговиот татко.
4. Емили Крено Кинг
Емили тврдела дека нејзиниот 4-годишен син има рак и го носела по болниците тврдејќи дека има напади, по што на момчето му биле препишани голем број на лекови. Една жена која што имала син болен од леукемија приметила дека нешто не е во ред со приказната на Емили и ја пријавила во полиција. Таа во нејзина одбрана изјавила дека така сакала да си го спаси бракот.
3. Леата Слаусон
Оваа жена велела дека нејзината 5-годишна ќерка има рак и и давала канабис масло и Неупоген, лек за рак кој кај девојчето предизвикувал грчеви и болка. Леата собрала 30.000 долари од донации, девојчето било однесено во Дизниленд и добило награда од пожарникарите, а кога и училиштето сакало да помогне со финансиите и ги разгледувале документите на девојчето забележале дека недостасуваат одредени клучни дијагнози. Леата била пријавена во полиција.
2. Хоуп Јубара
Хоуп првин со години глумела дека има рак и заминала на лекување во друга држава. Таа дури велела дека ракот го уништил нејзиниот слух и носела апаратче за слушање и го научила знаковниот јазик. Кога се родила нејзината втора ќерка таа четири години тврдела дека има церебрална парализа и детето носело протеза, но кога се родила нејзината сестра, третото дете на Хоуп, девојчето чудесно оздравело. Хоуп на третото дете не му давала доволно храна за да изгледа дека е болно. Хоуп која била хемичар по професија инсистирала нејзината ќерка да биде тестирана за цистична фиброза. Тестот ги проверувал покачените нивоа на натриум, а Хоуп користела посебен спреј за да предизвика тестот да биде позитивен. Лекарите го лечеле девојчето одреден период. Хоуп била откриена кога нејзиниот лекар ги побарал од нејзиниот татко домукентите за нејзиното лекување од рак, а таткото тогаш сфатил дека тие не постојат. Тој ја пријавил Хопу во полиција и таа ја признала целата приказна. Хоуп се правдала дека само во такви ситуации нејзиниот сопруг и обрнувал внимание.
1. Ди Ди Бланчард
Ди Ди ја малтретирала нејзината ќерка Џипси уште кога била бебе. Таа и давала различни лекови, ја терала да се вози во извалидска количка, не и давала да јаде, велела дека има епилепсија и од лековите и испаднале забите, исто така потоа Ди ди тврдела дека Џипси има пречки во развојот и поради тоа не одела на училиште. Ди Ди собрала многу донации, патувања и куќа поради сожалувањето од добронамерните луѓе. Кога Џипси наполнила 20 години таа запознала маж преку интернет. Нејзината мајка не ја одобрувала врската и почнала да се однесува уште полошо со девојката. Џипси го убедила љубовникот да ја убие Ди Ди и откако тој го сторил тоа, заедно избегале. Џипси не сакала телото на нејзината мајка да скапе и пратила анонимна дојава до полицијата од својот компјутер. Полицијата ја пронашла Џипси и по лекарскиот преглед било заклучено дека таа нема пречки во развојот, но претрпела многу трауми во детството. Џипси добила олеснителна казна затвор од 10 години за убиството.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.