Денес се слави Ноќ на вештерките или Halloween. Иако овој празник е карактеристичен за Велика Британија и САД, многу луѓе од светот го имаат прифатено, како интересен начин за забава на децата и младите. Постојат многу суеверија поврзани со овој празник кој потекнува од келтскиот фестивал на „Самаин“ и христијанскиот ден на „Сите свети“.
10. Во Велс се смета дека дух седи на секоја раскрсница за време на „Ноќ на вештерките“ .
9. На Британските острови, се вели дека е зло да се јадат капини по Ноќта на вештерките, бидејќи во таа ноќ „духот, наречен púca (ирски за дух), излегува и ги осквернува.“
8. Во Шкотска се верува дека ќе имате многу среќа доколку со вжарениот дел од стапот за време на Ноќ на вештерките правите одредени фигури во воздухот.
7. Велшките семејства имале особено морничава традиција. Секој член од семејството фрлал бел камен, на кој што претходно напишале нешто, во огнот и си легнувале. Наредното утро секој го барал својот камен и доколку некој од нив недостасувал тоа значело дека таа личност нема да ја дочека наредната Ноќ на вештерките.
6. Во минатото се сметало за несреќа доколку некој го напушти домот за време на Ноќ на вештерките.
5. Во минатото рибарите правеле крст нивните бродови со катран на Ноќ на вештерките, сметајќи дека тоа ќе им донесе среќа и поголем улов.
4. Норманските морнари кои патувале по морето за време на Ноќта на вештерките верувале дека тогаш имале „двоен вид“ односно секој од нив имал свој клон кој ги работел истите работи како и морнарите.
3. За децата родени на овој ден се сметало дека имаат моќ „да гледаат духови и да разговараат со самовили“.
2. Во 17 век земјоделците од Шкотска се движеле низ полињата со запален факел и пееле магични стихови, со цел да ги заштитат полињата од зло.
1. „Ноќ на вештерките“ е стар назив за Halloween, а исто така се нарекувал и „Ѓаволска недела“ и се сметало дека е повод за голема прослава предводена од Неговото сатанско височество. Се вели дека вештерките ги оставале своите стапчињата во нивните кревети за да ги измамат своите сопрузи, а потоа се шетале на свеченостите на метли кои биле подмачкани со маснотиите на убиените некрстени доенчиња – или, ако тоа не успее, јавале мачки.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.