Не сите богатства се препознаваат по нивното историско значење или огромна вредност, особено кога се во рацете на обичните луѓе. Таков бил случајот со церемонијалниот нож од бронзеното време што бил користен како потпирач за врата, изгравираниот кинески меч што бил употребуван како кујнски нож и античкиот римски саркофаг што бил користен како саксија.
Пензионер пронашол златна круна стара 2.300 години, под кревет
Еден постар човек бил вчудоневиден кога открил дека една кутија од украси што ги наследил од неговиот дедо содржела античка грчка круна направена од чисто злато, за што аукционерот вели дека вреди најмалку 100.000 евра. Пензионерот ја видел круната пред речиси една деценија, но не ја сфатил нејзината вредност или значење и ја ставил настрана во масивна картонска кутија под креветот.
Церемонијален нож стар 3.500 години бил користен како потпирач за вратата
Археолозите откриле дека предметот кој ја држел вратата на една канцеларија отворена е всушност исклучително редок и вреден церемонијален нож од бронзено време, од кој постојат само шест примероци во светот. Артефактот за првпат бил ископан пред повеќе од една деценија од страна на земјопоседникот во Источен Рудам, Норфолк, но тој не го сфати значењето, па дури во одреден момент планирал и да го фрли.
Чинија на бабата била од Династијата Минг и е продадена за околу 250.000 евра
Чинијата која ја носи ознаката на императорот Јонгженг била продадена од страна на тројца браќа од Шкотска кои ја наследиле од нивната баба, но не ја знаеле нејзината вредност. Чинијата била купена на почетокот на 20-тиот век во Америка од страна на бизнисмен од Шкотска, Александар Робертсон, а кога починал во 1922 година неговите работи биле вратени во Шкоткса и разделени помеѓу членовите на семејството.
Антички камен со чуден натпис за кој се претпоставува дека е англосаксонски се појавил во цвеќарница
Водителот и археологот Џејмс Балм го купил, го исчистил и ја открил сложено дизајнираната резба. Се верува дека датира од англосаксонскиот период, од 410 до 1066.
Неверојатно откритие пронајдено во песокот може да ја промени австралиската историја
Во 1944 година, еден војник патролирал на стратешки важните Wessel Острови во близина на северниот брег на Австралија, кога се сопнал на пет монети закопани во песок. Мари Исенберг, кој управувала со радарска станица на ненаселените острови, ги чувала монетите и повторно ги забележала во 1979 година и ги испратила во музеј. Монетите собирале прашина повеќе од две децении додека австралискиот антрополог Иан Мекинтош ги нашол и веднаш ја сфатил важноста. Ова откритие сугерира дека Австралија можеби била посетена од истражувачи од Источна Африка или од Блискиот Исток, долго пред 17тиот век.
Религиозни артефакти пронајдени заедно со коските на еден таван, можеби се мошти на светец
Жител на Канада пронашол коски стари 200 до 500 години на неговиот таван. Ќерката на човекот го контактирала музејот, еден археолог, монахињи, златар и еден католички свештеник. Археологот го контактиран Ватикан за да се потврди за какви украси се работи.
Бесценет антички папирус со Евангелието според Јован понуден на eBay за 99 $
Еден научник за раното христијанство на Универзитетот во Тексас открил непроценлив фрагмент од Новиот завет напишан на старо грчки, кој се продавал на eBay, а почетната цена била 99 долари. Научникот успеал да го убеди продавачот да го тргне од страната и да му дозволи да го проучува. Постојат само 130 слични вакви примероци.
Кинез пронашол меч во земјата и го користел како кујнски нож
60-годишниот фармер го користел ножот неколку години пред да ја сфати неговата историска важност. Експертите сметаат дека мечот датира од династијата Кинг, бидејќи на него пишува Зелен змејски меч.
Плоча продадена за 12 евра, можеби е непроценлив печат на Рамзес II
Се претпоставува дека овој печат е стар околу 3.000 години. Археологот Џејмс Балм уште работи на истражувањето. Плочата била продавана на една страна за 12 евра.
Најскапата саксија во Англија
Древен римски саркофаг вреден 345.000 евра пронајден во Вудсток, цел век бил користен како саксија. Кога конзерваторите сакале да ја обноват „саксијата“ биле шокирани кога откриле дека станува збор за саркофаг на кој е прикажан фестивалот во чест на Дионис.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.