Холивуд со години ви носи „секс, дрога и рокенрол“ во вашата дневна соба. Забавната идустрија постојано ги поместува границите и промовира нешта кои вашите родители веројатно ги отфрлувале како несоодветни дури ни да се говори за нив. Затоа е изненадување кога ќе наидеме на ретки славни личноси кои се гордеат со нивната вера во виша сила. Славните на оваа листа се најразновидни во тој поглед. Некои се нормални, секојдневни луѓе додека за други би можеле да кажеме дека се сосема откачени. Ви претстауваме 10 славни личности за кои не сте знаеле дека се екстремно религиозни.
1. Мајли Сајрус
Иако е позната по својата провокативност, Мајли Сајрус за Parade Magazine во 2010 изјавила, „Мојата вера ми е многу важна, но не ја дефинирам со одење во црква секоја недела. Бидејќи сега кога одам во црква, го доживувам тоа како шоу. Да разјасниме – јас сум христијанка и Исус ме спаси. Тој е тоа што ме прави да се чувствувам исполнета и целосна.“
2. Џесика Симпсон
Во 2009 таа изјавила, „Јас сум спиритуална. Ја живеам верата која е всадена во мене и која никогаш не ме напуштила…Имам прекрасна врска со Бог. Можам да му зборувам, да му се налутам, да бидам фрустрирана од него, но на крајот мојата вера е тоа што ме дефинира. Се чини дека успеала да ги избалансира нештата, со оглед на тоа дека со години менаџер ѝ бил нејзиниот татко кој е строг евангелист.
3. Марио Лопез
Во 2008 Лопез изјавил, „Дома во Лос Анџелес одам во црквата Св. Роберт во Бурбанк. Во кој град и да се наоѓам, се обидувам да ја најдам најблиската католичка црква. Ако пропуштам миса, се чувствувам виновен и вообичаено ќе најдам некоја црква и палам свеќа. Во 2013 Лопез твитнал „Ова е голем момент за црквата и оние од нас коишто се нарекуваме католици. Се надевам папата Франсис ќе дојде со отворено срце и отворен ум.“
4. Кети Пери
Пери, која има истетовирано „Исус“ на нејзиниот зглоб, наводно кажала, „Потекнувам од многу конзервативно семејство, а јас самата сум многу отворена. Секогаш бев детето кое прашуваше `Зошто?`. Во мојата религија би требало да имате вера, но јас секогаш ќе прашав `зошто?`. Веројатно нејзината мајка била превоодушевена од нејзиниот прв хит во кој се зборува за мување со друга девојка.
5. Ник Џонас
Во 2010 Џонас кажал, „Мојата вера игра голема улога во тоа кој сум јас; христијанин кој свири поп-рок музика. Јас сум во поп-рок група, не во христијанска група.“ При сѐ што Џонас Брадерс не се христијанска група, колку се познати по својата музика, толку и по нивната вера. Всушност, до неодамна тој носел т.н. целибатски прстен. Но од друга страна, ако сте 22-годишна поп ѕвезда кој се забавува со убавицата Оливија Кулпо, би носеле ли целибатски прстен? И ние не мислиме така…
6. Мадона
Иако била одгледана во католицизам, Мадона проучувала најразлични религии. Во 1999 во врска со Кабала таа кажала, „Не е важно тоа што сум изразната како католикиња и што не сум Еврејка и ми се допадна да бидам анонимна во училницата.“ А минатата година изјавила: „Градам училишта за девојчиеа од исламските земји и го проучувам Куранот. Мислам дека е важно да се проучат сите свети книги.“ Но дали отсекогаш била толку амбициозна во поглед на тие нешта? Којзнае…
7. Марк Волберг
Волберг, кој е посветен римокатолик, кажал, „Мојата вера навистина ми овозможи да надминам многу нешта…Ако не одам секој ден на миса, дефинитивно секој ден одам в црква. Така го започнувам денот. Сакам да отидам таму на петнаесет-дваесет минути и да си ги кажам молитвите.“
8. Ким Кардашиан
Освен ако не го гледате нејзиното шоу, веројатно не знаете дека Ким е со многу религиозно воспитание. Таа вели, „Сите книги кои ги читав пред спиење беа нешто како Самсон и Далила во стрип верзија. Мајка ми со своите пријателки во куќата организираше изучување на Библијата.“
9. Том Круз
Нели на почетокот ви кажавме дека некои се сосема откачени и тоа со религијата не им се врзува многу? Епа да, тоа дефинитивно важи за Том Круз. Тој ја критикувал Брук Шилдс затоа што барала помош за нејзината послеразводна депресија. Кога му се спротивставиле, тој кажал, „Што се однесува до тоа со Брук Шилдс, мора да разберете, Брук Шилдс ми е навистина мила. Си мислам, еве една прекрасна и талентирана жена и сакам да ѝ биде добро. И знам дека психијатријата е псевдонаука.“ Ајде бре! Кога некој ти е мил и се грижиш за него, токму така правиш нели, јавно го навредуваш?! Инаку, за религијата на Том Круз е доволно само да прогуглате.
10. Дајана Агрон
Агрон за својата вера го кажала следното, „Одев во неделно училиште, еврејско училиште, како и во дневно еврејско училиште во трето одделение. Брат ми и јас сакавме сѐ што е во врска со Ханука и Пасха, а и сета храна.“
Кој е вашиот заклучок? Дали овие луѓе се навистина религиозни и посветени, или само разгалени ѕвезди за кои и тоа е само шоу? Сепак, не е убаво да се генерализира, а и кои сме ние да судиме…