Религијата е огромен дел од нашата култура. Но не секој е на иста линија со идејата дека постои Бог. Некои се тврдокорни атеисти кои не веруваат во било каква виша сила, додека други се изјаснуваат како агностици коешто е само софистициран начин да се каже „не ме интересира дали постои Бог“. Некои тврдат дека се повеќе продуховени коешто веројатно значи дека многу вежбаат јога. Од друга страна, некои од тие славни личности ќе ги слушнете како му благодарат на Бога за нивниот успех на доделувањето награди. Вообичаено таквите спаѓаат во две категории: рапери и кантри музичари. А што се однесува до тие во оваа листа, нив никогаш нема да ги слушнете да го спомнат Бог во нивните говори на благодарност. Неколку од имињата на листава и не се некое изненадување, додека други се просто шокантни. Но да не должиме многу, следуваат 10 славни личности за кои не сте знаеле дека се атеисти.
1. Анџелина Џоли
Во 2000 година Џоли изјавила: „За мене нема потреба да постои Бог. Има нешто во луѓето коешто е духовно, и тоа е божественото. Не чувствувам потреба да правам нешта само затоа што некој ќе каже нешто, но исто така не сум сигурна ни дали е подобро во ништо да не веруваш.“ Да, Анџелина Џоли дефинитивно вежба јога.
2. Бред Пит
Сопругот на Џоли се изјаснил по темата во 2009 кога кажал, „Веројатно јас сум 20% атеист и 80% агностик. Мислам дека никој не може да знае дали постои или не постои. Или ќе дознаете или нема да дознаете кога ќе стигнете таму, а дотогаш нема поента да се говори за тоа.“
3. Ема Томпсон
Ема завзема поцврст став од Бред Пит, изјавувајќи, „Јас сум атеист. Мислам дека слободно би можеле да ме наречете либертаријански анархист. На религијата гледам со страв и сомнеж. Не е достаточно да кажам дека не верувам во Бог. Самиот систем го сметам за вознемирувачки. Се чувствувам навредена од некои нешта кажани во Библијата и Коранот и не ги прифаќам.
4. Џоди Фостер
Во интервју од 2007, Џоди Фостер изјавила, „Јас сум атеисти, но апсолутно ги сакам религиите и ритуалите. Иако не верувам во Господ, дома со децата ја славиме практично секоја религија.“
5. Џулиен Мур
Во 2002, во ТВ шоуто „Во актерското студио“, Мур на прашањето „Ако постои рајот, што би сакала да ти каже Бог на рајските порти“ одговорила: „Па, се чини дека си немала право. Јас сепак постојам!“ Што и не е некое изненадување за неа. На крајот на краиштата, таа нели е Др. Сара Хардинг од Паркот Јура и како што знаеме, науката и религијата не одат баш заедно.
6. Морган Фримен
Во 2012, запрашан дали мисли дека Бог е измислица, Фримен одговорил, „Да. Дали некој некогаш видел цврст доказ? Тоа што го добиваме се тоерии од нашите поранешни пророци. Е сега, луѓето кои мислат дека Бог нѐ измислил нас мислат и дека земјата не може да биде постара од 6.000 години. Така што изгледа дека тоа е прашање на верба.“
7. Хју Хефнер
Во 2012 Хефнер напишал, „Кога религијата, а не разумот ја диктира легислативата, не очекувајте логика во вашиот закон.“ Што и не е некое изненадување од некој „сексуално слободоумен“ како Хефнер.
8. Кира Најтли
Најтли наводно кажала, „Кога не би била атеист, би можела да се извлечам со било што. Само би си побарале прошка и би ви било простено.“
9. Хавиер Бардем
Партнерот на Пенелопе Круз изјавил:„Секогаш сум велел дека не верувам во Бог, верувам во Ал Пачино.“ Доколку не разбирате што сака да каже, поистражете малку за филмот „Адвокатот на ѓаволот.“
10. Даниел Радклиф
Во едно интервју од 2009 Радклиф признал, „Јас сум атеист, но многу сум релаксиран во врска со тоа. Не го проповедам мојот атеизам, но имам огромна почит за луѓето како Ричард Докинс.“