Кога температурите се зголемуваат, може да биде особено тешко ноќе кога станува премногу жешко за спиење.
Дури и ако немате клима уред за да ве спаси, сè уште има многу едноставни работи што можат да ви помогнат да ја победите топлината и да имате добар ноќен одмор.
1. Проверете дали циркулира воздух
Вентилацијата е клучна за да се оладите. Ако имате вентилатор, поскавете го кон отворен прозорец и поставете го креветот меѓу нив. Ова ќе помогне свежиот воздух да циркулира низ вашата соба.
2. Менувајте ја постелнината
Кога велиме да ја смените мислиме целосно да ја замените постелнината со лесна и во светла боја, за да се рефлектира светлината, а не да ја впива во текот на денот.
3. Користете помали перници
Исто така, ако вашите перници се дизајнирани да ви помогнат да загреете во текот на студените ноќи, треба да земете летна замена. Ова е особено важно за вашата глава бидејќи може да заврши како најтоплиот дел од вашето тело. Изберете мала, цврста перница.
4. Облечете се удобно
Ако сакате да облечете ноќница или пижами, проверете дали се лесни и лабави за да ви помогнат да се оладите. Се разбира, има некои луѓе кои сакаат да спијат без облека, но ние ќе ја оставиме таа опција на вас.
5. Направете го креветот ладен
Направете го спротивното од она што го правите во зима. Многу луѓе ставаат флаши со топла вода во зимата за подобар сон, затоа вие сега направете го спротивното. Древните Египќани за да се разладат легнувале со влажен чаршаф, така што не би било лошо пред да легнете да напрскате малку вода.
6. Знајте ги точките на ладење
Кога луѓето се разболуваат, често ставаат ладна крпа на челото за да ја олеснат треската. Се чини разумно дека овој едноставен трик ќе ви помогне дури и кога не сте болни. Иако е секогаш важно да се одржува ладна глава, тоа не значи дека треба да го игнорирате дното на вашето тело. Пред спиење, држете ги нозете во ладна вода. Ова им помага на пулсовите точки во нозете да се оладат и да ја намалат телесната топлина. Ако не ви пречи дополнителна влага, одржувањето на влажната коса додека да легнете да спиете, исто така, може да ви помогне. Само истуширајте се пред спиење.
7. Телото нека ви биде ниско
Бидејќи топлиот воздух се крева нагоре, подот треба да биде поладен од вашиот сопствен кревет. Обидете се да се чувствувате удобно. На пример, користете вреќа за спиење или душек на подот.
8. Ставете чаршаф на прозорецот
Отворете го прозорецот и закачете материјал за да го блокирате сонцето. Може и да ги навлажните, но гледајте тоа да не бидат вашите добри завеси, туку лесен чаршаф.
9. Внимавајте што јадете
Не би сакале вашиот метаболизам да работи додека спиете. Во принцип, не јадете веднаш пред спиење и зачувајте ги поголемите оброци за порано во текот на денот. Студената храна како сладолед и лубеницата може да ви даде привремено олеснување кога ви е жешко, но зачинета храна може да биде тајно оружје против топлината. За многу луѓе, потењето предизвикано од зачинета храна може да им помогне да се оладат за време на топлотниот бран. Се разбира, секој има различни реакции на зачинета храна, затоа бидете внимателни.
10. Направете си свој клима уред
Ако немате клима уред, можете да го надградите вашиот вентилатор. Можете да ставите чинија со мраз пред вентилаторот и така додека мразот се топи вентилаторот ќе го разнесува студениот воздух.