Трансплантирањето органи претставува ризична и стресна операција. Колку и да се чини „едноставна“ процедурата, постојат безброј ризици. Само да се најде соодветен донатор е тежок процес кој, за жал, некои не успеваат да го преживеат.
Па така, претставете си за овие навистина чудни трансплантации на органи…
1. Бивш сопруг од неговата неверна жена побарал да му го врати бубрегот кој ѝ го донирал
Откако неверната сопруга на Ричард Батиста, доктор од Лонг Ајленд, САД, му ги треснала пред него документите за развод, тој решил дека тоа е веќе премногу. Батиста ја тужел жена си да му го врати подарокот кој ѝ го дал точно осум години пред тоа – неговиот бубрег. Таа трансплантација го спасила животот на неговата жена, но не и нивниот брак.
Сара Отосон се родила без матка како последица на ретко генетско нарушување. Нејзината мајка решила да го донира нејзиниот утерус за ќерката преку доброволна хистероктомија – операција на отстранување на матката. Операцијата била успешно извршена од страна на шведски хирурзи, и Сара денес може да раѓа деца од истата матка од која се родила и таа самата.
3. Човек донира бубрег за неговата омилена касиерка
Да се биде добар работник си има и други добри страни освен добрата плата. Една касиерка на еден од редовните купувачи му кажала дека е на дијализа и ѝ треба донатор на бубрег. Купувачот негувал толкави симпатии кон касиерката што инсистирал да биде тестиран за совпаѓање. Тестот бил позитивен, и трансплантацијата била успешна!
4. Трансплантација на фекална материја
Д-р Александар Коруц, гастроентеролог, спасил пациентка преку трансплантација на парче измет од нејзиниот маж во нејзиното дебело црево. Зел мал примерок од изметот кој го измешал со физиолошки раствор и го ставил во нејзиното дебело црево, за да ја спречи хроничната дијареа која ја снемало за еден ден.
5. Девојката со две пресадувања на срце
Деби Ворд се родила без тролистен залисток чијашто задача е правилно да ја насочува крвта, па така нејзината прва трансплантација на срце била кога имала само 15 месеци. Таа била најмладиот човек кој преживеал таква операција. По операцијата била како и секое нормално дете на нејзина возраст. После десет години, Деби се онесвестила со големи болки во градите додека се возела во училишниот автобус. Лекарите константирале дека срцето ѝ откажува и врз него се формира жила. Не знаеле зошто, но артериите почнале да се затнуваат. По нејзиниот петнаесетти роденден, на девојката ѝ било направено и второто пресадување на срце. Деби изјавила дека ова нејзино искуство ја инспирирало да стане педијатриска медицинска сестра.
6. Трансплантација од рака на нога
Кинески хирурзи успеале да ѝ ја спасат раката на една млада девојка така што привремено ѝ ја прикачиле на нејзината нога за три месеци. Трактор ѝ ја пресекол дланката и морало итно да се приврзе кон нејзиниот крвоток. Лекарите не можеле да ја приврзат кон нејзиниот рачен зглоб бидејќи бил премногу оштетен. За да ѝ ја спасат раката, привремено ја пресадиле длангата на нејзината нога, и после неколку операции врз зглобот, по три месеци ја вратиле дланката на своето место.
7. Човекот кој морал да си пресади друг пенис, бидејќи не ѝ се допаѓал на неговата жена
Во 2006 година, човекот со прва успешна трансплантација на пенис морал да го отстрани новиот орган по само две седмици. Неговиот пенис бил оштетен и не можел да се поправи по тешката несреќа која му се случила една година претходно. Иако операцијата била успешна, хирурзите морале да го отстранат трансплатантот по две седмици „поради тешкиот психолошки проблем кој го предизвикува кај примателот и неговата сопруга.“
8. Човек се согласува да биде донатор за неговиот брат само при услов тој да престане да навива за противничкиот тим
Фан на Манчестер Јунајтед се согласил да донира клетка со што би му го спасил животот на својот брат само при услов да престане да навива за ФК Манчестер Сити. Тој подготвил договор и го натерал брат му да се потпише, по што го извршиле пресадувањето.
9. Жената која примила бубрег од љубовницата на нејзиниот маж
На жена од Турција ѝ било кажано дека бубрегот ѝ откажува. Во тоа време, нејзиниот маж одел се сретнал со друга жена со која започнал љубовнн врска. Својата љубовница тој ја прикривал како бејбиситерка, но неговата жена се посомневала и открила за аферата. Но, љубовницата се покажала како компатибилен донатор и жената побарала од неа да ѝ донира бубрег, на што таа се согласила. Оттогаш сите си живеат среќно заедно…би требало.
10. На тинејџерка по пресадувањето ѝ се менува крвната група
Овој петнаесетгодишен примател на црн дроб е првиот случај во светот при кој примателот да го прифати имунитетскиот систем и крвната група на нејзиниот донатор. Со тоа била отстранета и потребата до крајот на животот да прима лекарства против отфрлање на трансплатантот.
Човечкото тело е неверојатно. Кој во минатото можел да претпостави дека еден ден ќе може да се менува на најразлични начини и да прима органи од други луѓе? А којзнае што сѐ ќе може да се прави во иднина со него. Времето ќе покаже.