Од година во година послушно следиме некои правила без да размислуваме за нивната вистинска вредност. Која вредност е вложена во деверици на свадбата? Дали е страшно да престанат да се носат прстени?
Многу луѓе го сметаат постоењето на традиции како дадени и не размислуваат како би било подобро за нив.
1. Запросување
Тој се плаши да ја запроси, а таа мисли дека повеќе не му е потребна, или тој ќе земе кредит за да купи прстен и да ја однесе на скапа вечера, а таа ќе го одбие бидејќи не е спремна. Модерните двојки денес разговараат за нивните ставови и планови во животот така што традиционалното запросување со изненадување е повеќе како договор.
2. Вселување
Обично кога млад пар ќе се всели во нов стан роднините и пријателите веднаш прашуваат кога ќе ги викнат на вселување. Но, најчесто во овој период луѓето трошат најмногу пари и прослава би била дополнителен товар, затоа денес ретко кој ја практикува оваа традиција.
3. Деверици на свадбата
Ова сега е избор на самата невеста нема потреба од дополнителни трошоци за фустани или отповарување на пријателките да купуваат фустани кои никогаш повторно нема да ги облечат.
4. Да се имаат деца веднаш после свадбата
Се случува девојките кои само што се веначаке да се соочуваат со опсесивен интерес од роднини, пријатели и познаници за нивната плодност. Прашањето „Кога дете?“ станува почесто од „Како си?“. Сепак младите парови сакаат првин да си ги уредат животите па тогаш да се одлучат на овој чекор.
5. Да се организираат забави за роднини и пријатели
Роднините и пријателите сами си прават планови за големи забави за родендени, прослави на годишнини и други пригоди. Многумина едноставно не се подготвени да ги исполнат желбите на сите и на штета на сопствените интереси. Младите попрво ќе си испалнираат меден месец на некое тропско место отколку да слават „младенци“.
6. Организирање на фотосесии за секоја пригода
Доколку порано бевме фотографирани од професионалци, сега различни видови на фотоснимки се во мода. Додека некои одбираат самите да си прават видеа и фотографии други млади луѓе не уживаат во фотографирањето и ја избегнуваат оваа традиција.
7. Носење на венчални прстени
Некои парови не сакаат да носат прстени. Причините се многу различни: пречат во работата, често се загавуваат, големината повеќе не им одговара, или едноставно не поднесуваат накит на себе. Среќни двојки низ целиот свет излегуваат без оваа декорација. Па дури и таблоидите се уморни да се прашуваат дали има некое тајно значење во отсуство на прстен на принцот Вилијам, Бијонсе и Џеј-Зи или Вил Смит и Џејда Пинкет-Смит.
8. Гости по раѓањето на бебето
Обично откако ќе се породи мајката роднинте и пријателите ја преплавуваат куќата за да го видат бебето, плачат над него, па дури и го заплукуваат (против уроци). Првите месеци од животот на детето се одговорно време, при што е подобро да не се одвлекува вниманието на мајката од грижата за бебето. Според лекарите, посетите треба да бидат одложени (барем во првите 3 месеци), бидејќи ризикот од заразување со вируси и инфекции е многу висок. Сега поголемиот дел од среќните родители одбиваат да собираат толку луѓе во домот додека бебето е многу мало.
9. Да се запомнат сите датуми и да се честита
Родендени, професионални празници, имендени, детски родендени, датум на веридба, датум на свадбата, датум на прва средба, прв бакнеж, прво патување … Листата е бескрајна. Истражувањата покажуваат дека можеме дури и да заборавиме на она што се трудиме да го запаметиме, а идеална меморија е отстапување, а не норма. Затоа модерните парови не се замараат премногу кога станува збор за паметење на вакви датуми.
10. Да се биде домаќин на роднини од друг град
Гостопримливо е да му се помогне на роднина кога има потреба од тоа. Но, некои луѓе знаат да претераат. Нивната еднократна посета ќе се претвори во навика и вашиот кауч во дневната нема да биде слободен со месеци. Вакво нешто модерните семејства не го толерираат како што го правеле порано.