Наивно е да се мисли дека можеме целосно да го контролираме нашето тело. Многу често мораме да ги следиме неговите потреби бидејќи повеќето физиолошки процеси се надвор од нашата контрола. Вака често доаѓа до непријатности: сакаме да одиме во тоалет кога не ни е достапен, да спиеме, кога треба да се подготвиме за испит или не можеме да ја запреме кашлицата за време на важна презентација. Овие ситуации не се фатални, туку непријатни. За среќа, многу може да се промени ако го пронајдете вистинскиот пристап кон вашето тело.
1. За да се намали забрзаното чукање на срцето дувајте во палецот
Срцето може да почне забрзано да ни чука од повеќе причини, стрес, возбуда, адренали и сл. За среќа, имаме многу едноставен начин брзо да се смирите: треба да дувате во палецот. Овој дел од телото има свој пулс. Ладењето го успорува и ни помага да се релаксираме.
2. Пренесувањето на тежината на спротивната страна ќе помогне да се отстранат болките во половината
Многу луѓе ја знаат ненадејната и многу непријатна болка во страната, која се појавува за време на трчањето. Честа причина е погрешно загревање. Протокот на крв се зголемува кога трчате, но крвта нема време правилно да се редистрибуира и акумулира во црниот дроб или слезината.
Професионалните спортисти го знаат вистинскиот начин да се справат со овој проблем: само забавете го темпото и пренесете ја тежината на спротивната страна на болката.
3. Мало загревање на вратот ќе ја олесни вкочанетоста на раката
Екстремитетите стануваат вкочанети поради нервите кои минуваат низ вратот. Извртување на главата, ќе го размрда вратот и ќе го отстраните излишниот притисок врз нервите, ќе ги намалите или отстраните непријатните чувства во дланките или раката многу побрзо. Овој метод е многу поедноставен во многу ситуации, на пример, ако возите.
4. Масажа на увото за отстранување на болки во грлото
За да ја отстраните болката, треба да го масирате увото нежно, најдобро од внатре. Непријатни чувства се јавуваат поради мускулни грчеви. Влијание врз увото, ги стимулира нервите, помага во релаксирање на мускулите и ублажување на грчевите.
Можеби веќе сте забележале врска на овие два органи: секоја манипулација со ушите се чувствува и во грлото, а кај некои луѓе чистењето на ушите може дури и да предизвика кашлица. Ова се должи на посебната чувствителност на вагусниот нерв поврзан со увото.
5. Кашлица ќе ја намали болката од инекција
Ако започнете со кашлање додека примате инекција, болката од неа ќе стане значително помала. Информации за ова откритие првпат се појавиле во британскиот весник за пластична хирургија. Лекарите поврзуваат намалување на болката, од една страна, со одвраќање на вниманието, а од друга страна со зголемување на крвниот притисок.
6. Масажа на површината помеѓу веѓите помага да се олесни затнатиот нос
Можете да ја олесните вашата состојба без дополнителни средства – со помош на акупресура. За да се ослободите од назалната конгестија, прстите треба да притискаат на површината помеѓу веѓите, а јазикот цврсто да се притиска на горниот дел од усната празнина. За да се постигне ефектот, ќе бидат доволни 20 секунди. Доколку е потребно, неколку пати можете да ја повторите масажата.
7. Болката ќе се намали ако ја погледнете раната со превртен двоглед
Научниците од Оксфордскиот универзитет спроведоа експеримент врз луѓето кои страдаат од хронична болка во своите раце. Од нив било побарано да го разгледаат болното место од различни агли и од различни растојанија. Се покажа дека со зголемување на сликата чувствуваме зголемување на болката, а со намалување се постигнува спротивниот ефект.
8. Ако навистина сакате да одите во тоалетот, треба да се зачешате за листовите
Австралискиот физиотерапевт Џенет Веб најде невообичаен начин да се справиме со ненадејната потреба за уринирање: треба силно да ги зачешаме листовите на нозете. Така можете да се одморите малку и да добиете повеќе време. За жал ова важи само за жени.
9. Вртоглавицата запира ако направите едноставна вежба
Научник од Универзитетот во Колорадо открил едноставна вежба која ја елиминира вртоглавицата за 1 минута. За да го постигнете ефектот, треба да ја навалите главата назад, а потоа да се наведнете напред и да го свртите лицето кон левиот лакт.
10. За да се оладите ставете ладен објект на било која точка на пулс на телото
Во лето, особено за оние кои се вклучени во спортот и не сакаат да се откажат од вежбањето поради премногу топло време има едноставен метод кој ќе помогне малку да се намали телесната температура: доволно е да се примени било кој ладен предмет на точки на пулсот на телото. Постојат неколку вакви точки: на челото, на зглобот, на вратот, под коленото.