Како и секој моќен лидер, Ким некогаш бил и умен млад човек кој ја пишувал својата домашна задача. Поради огромното влијание на татка си – некогашниот владетел на Северна Кореја – Ким Џонг Ил, Ким се обучувал во швајцарски пансион во периодот од 1998 до 2000г., а медиумите често се обраќале кон поранешните соученици на Ким, за да откријат детали за тоа каков бил сегашниот севернокорејски лидер во тинејџерските години. Досега никој не успеал да открие некоја негова тетратка полна со типични „шкрабаници“ или пак негова слика во училишниот годишник, но, неговите соученици откриле доста интересни детали околу карактерот на Ким.
1. Тој ги обожавал патиките Air Jordan
Ким имал седумнаесет години и бил опседнат со кошарка и Чикаго Булс, посветувајќи им огромно количество на простор во нивниот стан. Ким, исто така, поминал многу време во скицирање на Мајкл Џордан, а за младиот лидер на Северна Кореја добро се знаело дека ги обожава патиките Air Jordan.
2. Имал псевдоним за да го скрие својот вистински идентитет
Не сакајќи да биде познат како син на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ил, Ким се запишал во швајцарското училиште Либефелд Штајнхоли Шуле под името Пак Ун. Тој тврдел дека е син на вработен од Северна Кореја во амбасадата во Берн. Она што ги зачудувало и на наставниците и учениците, било дека родителите на Ким никогаш не се појавувале во училиштето.
3. Сакал да гледа акциони филмови
Во 2009 година, пријателите на Ким дадоа изјава во Вашингтон пост дека Ким бил многу чуден со неговите социјални односи, особено кога станувало збор за девојчињата. Во времето во кое не гледал кошарка, тој обично гледал акциони филмови и играл на Play Station. Ким сакал да игра борбени игри и бил многу голем обожавател на филмовите на Џеки Чен.
4. Имал своја придружба
Во секое време од денот, мал број Корејци кои очигледно извршувале функцијата на слуги, телохранители или асистенти на Ким, се движеле со него. Двајца од нив секогаш ги снимале кошаркарските натпревари. Неговите пријатели сметалр дека присуството на сите овие луѓе е „чудно“, но на крајот тие одлучиле дека е некако „нормално за Северна Кореја“.
5. Многу сакал да се фали
И покрај големиот напор на семејството на Ким да го задржи својот вистински идентитет таен, Ким не секогаш можел да се воздржи од откривање на вистината за себе, имено, дека тој бил син на лидерот на Северна Кореја. Според еден соученик по име Жао Микаело, Ким еднаш му рекол дека е наследник на шефот на државата на Северна Кореја. Микаело веднаш одлучи дека Ким не ја кажува вистината. „Обично децата на таквите луѓе не посетуваат нормални училишта“, изјавил Микаело во интервју за Си-Ен-Ен во 2010 година.
6. Не правел компромис да јаде ладни шпагети
Пријателот на Ким, Мика, често го посетувал во неговиот дом, кој се наоѓал во седиштето на корејската амбасада. Мика изјавил дека Ким бил многу смирен и ладнокрвен со луѓето се додека една вечер не се изнервирал пред Мика откако им донеле ладни шпагети за вечера.
7. Бил многу голем фан на тренерки
Ким секогаш го одбирал удобниот наместо софистицираниот изглед. Тој најчесто носел Nike тренерки и кога излегувал и во училиште.
8. Тој не бил најпаметното во класот
Иако Ким бил две години постар од неговите соученици (затоа што не го познавал добро германскиот јазик), тој сепак значително се оптоварувал, за да биде на исто академско ниво со нив. Во 2012 година, во Telegraph бил објавен материјал, во кој се вели дека Ким отсуствуваат од училиште 75 дена во првата учебна, а во втората – цели 105 дена, по што не можел да добие оценки по одредени предмети, а останатите ги положил со најслаби оценки.
9. Ким многу сакал да јаде Швајцарско сирење
Ким сака да се фали со огромните количини на храна и пијалоци кои ги консумира. Тој развил голема страст кон Швајцарското сирење што кога се вратил во Кореја испратил готвачи да се едуцираат во странство за тоа како да го направат оваа сирење специјално за него.
10. Во одреден момент Ким едноставно исчезнал
Ким исчезнал во 2010 година пред целосно да ја заврши годината. Тој не оставил адреса за последователна преписка, ниту пак предупреди никој дека ќе замине. „Мислевме дека е болен или нешто“, изјавил неговиот поранешен соученик Никола Ковачевиќ, во интервју за Вашингтон пост. „Се надевам дека тој е добар диктатор до денес, но обично диктаторите никогаш не се добри …“
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.