Кога велиме дека нашите постапки се резултат на само нашите сопствени одлуки, малку лажеме. Нашиот мозок постојано нѐ мами, нарушувајќи ја нашата перцепција на реалноста. Овие психолошки ефекти преовладуваат со нашето однесување и најчесто не сме свесни дека ни се случуваат додека некој не ни ги посочи.

Синдромот на сварената жаба: жабата која бесполезно си ја троши енергијата

Оваа приказна се базира на веќе постоечки физички закон. Тој гласи: „ако брзината со која се загрева температурата на водата е побавна со 2 степени целзиусови на минути, жабата нема да скокне од водата и ќе продолжи да живее сѐ додека водата не стане премногу врела, кога жабата едноставно умира. Истото им се случува и на луѓето. Кога ќе се најдеме во неповолна положба спремни сме да патиме додека нашиот ум не биде „исцеден“ до максимум.

Конзервативно размислување

Нашиот мозок настојува да се поврзува со стари верувања, а ги отфрла новите. На пример луѓето во минатото верувале дека Земјата е рамна и денес уште постојат луѓе кои веруваат во оваа теорија. Исто така обичаите и традициите можат многу да влијаат на начинот на кој размислуваме.

Ефектот „Ној“

Кога се тргнува по лош пат најчесто не сакаме да ги знаеме деталите за нашите проблеми, исто како кога ноевите ги ставаат нивните глави во песок. Ги игнорираме информациите што нè вознемируваат, претпочитајќи да не размислуваме за проблемот.

Ефект на „Слепа точка“

Ова може да звучи парадоксално, но неспособноста да се видат когнитивните предрасуди во самите нас е пристрасност. Ефектот на слепа точка е токму тоа. Луѓето имаат тенденција да го гледаат однесувањето на другите додека се слепи за своите грешки, па дури и за најочигледните. Истражувањата покажале дека секој човек го доживеал овој ефект барем еднаш.

Хеуристичка достапност

Ние често ја надминуваме вредноста на достапните информации, особено кога донесуваме одлуки. На пример некој кога брани своја лоша навика, би кажал дека знае, дури и лично, човек кој пуши три кутии цигари на ден и има 100 години. Личноста автоматски применува добар пример за сопствените околности и не се грижи многу.

Ефектот на потсетување

Кога ќе почнеме нешто ново нашата самодоверб поради неискуството е зголемена. Затоа новодојдените им даваат „вредни“ совети на поискусните колеги, а не ги гледаат сопствени грешки. Дури кога ќе стекнеме искуство се присетуваме на нашето однесување и сфаќаме колку всушност имаме уште за учење.

Нула ризик

Истражувањата покажале дека доколку луѓето би можеле да изберат мал ризик да го намалат на нула и да намалат голем дел од голем ризик тие сепак би ја избрале првата опција. Укинување на нискиот ризик од авионски несреќи или радикално намалување на огромен број на сообраќајни незгоди? Нуларниот ризик често е попривлечен за нашиот мозок.

Ефектот „рак во кофа“

Истражувањата покажале дека заробениот рак може да излезе од кофата само доколку е сам, а доколку има и други ракови со него тие ќе го вчечат надолу оној кој што тргнал да излезе. Така е и со општеството. Луѓето свесно или несвесно не сакаат некој околу нив да го промени животот на подобро затоа што тогаш тие ќе изгледаат лошо.

Ефект Др. Лисица

Овој ефект е толку силен колку што е потенцијално опасен: тоа предизвикува сомнителните информации да будат привлечни за јавноста. Причината е харизма. Повеќето луѓе веруваат во зборовите на елоквентен говорник, честопати не забележувајќи ги прекршувања во логиката или дури и лажни информации. Зборовите на повеќе компетентни, но помалку убедливи луѓе, во исто време, изгледаат помалку важни.

Емоционални очекувања

Замислете дека сте во нова врска, се чувствувате заведени од вашиот нов партнер и овие чувства лесно се мешаат со љубов. Вашиот мозок ја прикажува вашата идна венчавка и фантазирате за тоа колку ќе биде убав вашиот живот заедно. Меѓутоа, кога почетната страст меѓу вас ќе замине, можеби ќе се чувствувате разочарани што вашиот партнер не ги исполнува вашите претходни очекувања за „прекрасен живот“.

Сподели на Facebook
пати видено