Човечката психа е една од најголемите мистерии во светот. Иако научниците научиле многу интересни факти за психолошките карактеристики на човекот, па дури и можат да го предвидат нашето однесување базирано на одредени правила, многу работи остануваат непознати. Дали знаете колку се погрешни вашите спомени, колку долго се формираат вашите навики или бројот на пријатели кои што можете да ги задржите?
10. Можете да го задржите вашето внимание најмногу 10 минути.
Дури и ако сте на состанокот и сте заинтересирани за темата и за лицето кое ја претставува, максималното време за кое можете да го задржите вашето внимание е 7-10 минути. Потоа, ќе почне да слабее и треба да направите пауза за да го одржите интересот.
9. Исполнување на желбите.
Вашата способност за одложување на непосредното исполнување на вашите желби произлегува од рана возраст. Луѓето кои се способни да го одложат задоволството од рана возраст се подобри ученици на училиште и подобро се справуваат со стрес и разочарување.
8. Ние мечтаеме околу 30% од времето.
Според психолозите, сите сакаме да се оддадеме на мечтаењето, барем во 30% од времето. Истражувачите велат дека луѓето кои сакаат да мечтаат, по правило, се покреативни и подобро решаваат различни проблеми.
7. Колку време е потребно дејство да стане навика?
Научниците велат дека се потребни 66 дена. Колку е покомплексно однесувањето кое сакаме да го стекнеме, толку подолго време ќе ни биде потребно. Значи, оние што сакаат да се навикнат на физички вежби често имаат потреба од 1,5 пати повеќе време за да го направат ова автоматски од оние што ја развиваат навиката да јадат овошје за ручек.
6. Вие ја преценувате вашата реакција на идните настани.
За да бидеме попрецизни, ние ја преценуваме нашата реакција на идните настани, без разлика дали се позитивни или негативни. Истражувањата покажуваат дека луѓето веруваат дека позитивните настани, како што се бракот или големиот профит, ќе ги направат многу посреќни отколку што всушност го прават тоа. Ние исто така веруваме дека негативните настани, како што се губење на работа или несреќа, ќе ни предизвика многу повеќе непријатни емоции отколку што всушност го прават тоа.
5. Вие го обвинувате другото лице, а не ситуацијата (и ситуацијата, а не себе).
Се сеќавате кога чекате некој кој доцни за состанокот, најверојатно го објаснувате неговото доцнење со неодговорност и неорганизираност. Во иста ситуација, го објаснувате вашето доцнење со надворешни околности (како што е сообраќајниот метеж).
4. Бројот на пријатели што може да го имате е ограничен.
Дури и ако се фалите со неколку илјади пријатели на социјалните мрежи, всушност имате многу помалку. Психолозите и антрополозите го определуваат тоа според „бројот на Данбар“- тоа е, максималниот број на блиски врски што може да ги има личност и тие изнесуваат од 50 до 150.
3. Ние не можеме да игнорираме храна, секс и опасност.
Дали некогаш сте се запрашале зошто луѓето секогаш застануваат да ги видат последиците од сообраќајна несреќа? И покрај тоа што минувачите ја сметаат глетката за вознемирувачка, тие продолжуваат да гледаат. Таквата љубопитност е поттикната од нашиот „антички мозок“ – дел одговорен за опстанок. Неговата функција е постојано да ја скенира животната средина, поставувајќи (и одговарајќи) 3 прашања: „Можам ли да го јадам тоа? Можам ли да имам секс со тоа? Можам ли да бидам убиен од тоа?“ Храната, сексот и опасноста се сè уште основни работи за да останеме живи, па затоа не можеме да не обрнеме внимание на нив.
2. Вашите „највлијателни“ спомени се погрешни
Познати примери за овој феномен се случувањата поврзани со 11 септември. Психолозите побараа од учесниците да опишат во детали што се правеле, каде биле и други детали поврзани со овој настан, веднаш по терористичкиот напад и по 3 години. Излезе дека 90% од подоцнежните описи се разликуваат од оригиналните описи. Многу луѓе можат детално да опишат каде и што правеле во времето кога ја слушнале веста. Проблемот е само што овие детали не се точни, бидејќи силните емоции поврзани со меморијата ги искривуваат спомените.
1. Нашиот мозок е подеднакво активен додека спиеме и додека сме будни.
Кога спиете и сонувате, вашиот мозок го процесира и обединува искуството во текот на денот, создава здружување на информации, одлучува што да се запамети и да заборави. Се разбира, честопати сте слушнале совети за „добар сон“ пред испит или важен настан. Ако сакате да запомните што сте научиле, најдобро е да легнете откако ќе го научите материјалот.