Овие вистински проколнати предмети се сметаат за одговорни за смртта на повеќе луѓе. Само легенда или има нешто и вистина во тоа, мистеријата останува…
Сликата со расплаканото момче
Ова мало момче плаче бидејќи е лошо. Се верува дека сликата се наоѓала во куќа којашто изгорела во пожар во 1985 година. Единственото нешто коешто останало од исгорената куќа била оваа слика. Во 1988, новите сопственици на сликата ја имале таа несреќа да гледаат како куќата им гори до темел. И пак, сликата преживеала. Уште пострашно е тоа што сликата е печатена и тоа во многу примероци, па така многу луѓе биле и се сопственици на оваа слика.
Роберт
Ова е Роберт, најпознатата кукла во Флорида. Според легендата, во 1898 семејството Ото ја примило куклата од една слугинка која била злоставувана од нив. Таа се занимавала со вуду магија, и куклата не донела ништо добро. Синот Ото целиот свој живот бил опседнат со куклата, и за многу настани го обвинувал Роберт, вклучувајќи го и и вандализмот во неговата сопствена соба. Кога куќата била купена од нови сопственици, куклата била најдена на таванот од страна на десетгодишната ќерка на новите сопственици. До ден денес таа тврди дека куклата ја нападнала и ја измачувала. Роберт сега е во музеј кадешто продолжува со своите лошотии. Вработените во музејот велат дека куклата се движи, и мора да добиете посебно одобрение за да можете да ја сликате. Делот околу Роберт е прекриен со пораки од посетители во кои тие го молат да им прости што не успеале да ја извршат неговата мисија, молејќи го да ја тргне клетвата врз нив.
Богатството на Крез
Богатството на Крез, познато и како Лидиска ризница, предизвикало бројни трагедии. Збирката датира до владеењето на кралот Крез, од 560 до 547 г.пр.н.е. Била најдена во 1965 година, при што при нејзиното наоѓање 150 артефакти биле откраднати од страна на локалните селани. Многумина од овие крадци ги погодило трагедија, и наскоро се раширила легендата дека богатството е проколнато.
Столот на смртта
Во 1702 година Томас Базби бил осуден на смрт и обесен поради убиството на неговиот тест. Неговата последна желба била пред да стигне на бесилката да наврати во паб во кој често одел пред тоа. Во пабот Базби го проколнал својот стол – секој кој ќе седне на него да умре. Приказната станала кафанска легенда и некои љубители на чашата често се предизвикувале едни со други да седнат на Столот на смртта. Мажите кои седнале на него за време на Втората светска војна не се вратиле од битка. Се раскажува дека секој кој седнал на него, набргу умрел, дури и чистачката која случајно паднала на него додека чистела. Локалниот музеј побарал столот да му биде предаден. Сега тој виси на ѕид, кадешто на никого не може да му наштети.
Поршето во кое загинал Џемс Дин
Актерот Џемс Дин доживеал смртоносна сообраќајна несреќа на 30. септември 1955 година. Тогаш имал само дваесет и четири години и се возел во своето ново Порше Спајдер кое тој го нарекувал Малото Копиле. Наскоро се испоставило дека автомобилот е проколнат. Набргу по несреќата, тој паднал и му ги смачкал нозете на автомеханичарот кој го поправал. Кога делови од автомобилот биле продадени, сите сопственици кои ги вградиле во своите автомобили доживеале сообраќајна несреќа.
Анабела
Анабела е името на кукла која ѝ била купена на студентката Дона. Дона набргу забележала дека куклата почнала да се појавува на места различни од тие на кои била оставана, како да се движела. Дона почнала да наоѓа пораки на кои пишувало „Помогни ни“, како и крв врз куклата. На нејзиното момче Лу куклата не му се допаѓала. Една ноќ, наводно куклата го нападнала, но тој преживеал. Сегашните сопственици на окултистички музеј кадешто денес се наоѓа куклата велат дека еден млад посетител кој се изживувал врз неа умрел три часа потоа.
Дијамантот Кохинур
Нејзиното величество кралицата на Англија поседува еден од најпроколнатите предмети во светот – дијамантот Кохинур. Тој е еден од скапоцените камења на нејзината круна, но сѐ додека го носи жена, тој не причинува никакво зло. Дијамантот е од 186 карати, а неговото име значи Планина на светлината. Уште од кога бил откопан во Индија во 1100 година, тој предизвикувал смрт и трагедии за сите негови машки сопственици. Неколку кралеви ги изгубиле нивните тронови и животи откако го поседувале дијамантото. На крајот, тој ѝ бил прикажан на кралицата Викторија, бабата на Елизабета, и таа наредила да се вметне во круната. До сега не наштетил на никого, но се претпоставува дека тоа е затоа што бил носен единствено од англиските кралици.
Божицата на смртта
Жената од Лемпа е фигурина најдена во Лемпа, село на островот Кипар, и датира од 3500 г. пр.н.е. Археолозите веруваат дека тоа е статуетла на плодноста. Сега е позната како Божица на смртта, поради пустошот кој го остава зад себе. Прв сопственик бил лордот Елфонт. Во текот на шесте години откако ја прибавил статуата, сите седум членови на неговото семејство умреле. Ивор Менучи, вториот сопственик, и целото негово семејство умреле во текот на четири години. Следниот кој ја зел бил лордот Томпсон-Ноел кој исто така умрел по четири години. Подоцна статуетката му припаднала на сер Алан Бивербук. Неговите две ќерки и неговата сопруга, како и тој, исто така умреле. Неговите двајца синови преживеале и ја подариле статуетата на Кралскиот Шкотски Муџеј. По само една година од добивањето на Божицата на смртта, еден од кустосите умрел. Таа се наоѓа таму до денес, безбедна во стаклена витрина.
Пурпурниот сафир од Делхи
Се вели дека големиот скапоцен камен бил украден од храм во 1857 година. Завршил во рацете на полковникот Ферис. Неговото семејство набргу доживеало финансиски и здравствени проблеми. Семејството го подарило каменот на пријател, кој потоа извршил самоубиство. Потоа каменот дошол во рацете на научник кој исто така доживеал несреќа. Се обидел да го даде каменот на двајца негови различни пријатели, но секој од нив доживеал ужасна несреќа и му го вратил. Го оставил во завештание на природонаучен музеј.
Несреќната мумија
Оваа дрвена табла датира од 950 г.пр.н.е. и била најдена во Египет. Тоа е само поклопец на ковчег, но предметот е познат по тоа што е проколнат. Сите четворица патници кои ги донеле во Велика Британија во 1870-те умреле набргу потоа. Кога сестрата на еден од нив ја наследила таблата, таа доживеала бројни трагедии. Потоа била подарена на Британскиот музеј, а се раскажува дека таа била на Титаник и го предизвикала неговото потонување, иако за тоа нема никаков доказ.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.