Иднината која тогаш изгледала невозможна денес е наше секојдневие. Ова се само неколку предвидувања од реномирани писатели на научна фантастика, кои одлично ја опишале нивната иднина и нашата сегашност.

Дебитни картички

Автор: Едвард Белами
Дело: Поглед наназад од 1888 година

Белами пишувал за „универзална картичка“, преку која луѓето ќе можат да добиваат средства без разлика каде се наоѓаат. Во книгата сите имале картичка која им дозволувала да го трошат нивниот „кредит“ од одредена банка без да користат книжни пари. Првата кредитна картичка се појавила по 1950та година.

Тенк

Автор: Херберт Џорџ Велс
Дело: The Land Ironclads приказна од 1903 година

Воените машини на Велс имале кули на врвот и се тркалале на 8 тркала и секој од нив имал своја независна оска. Првата употреба на вистински тенк била во 1916 година.

Слушалки

Автор: Реј Бредбери
Дело: Фаренхајт 451 од 1953 година

Во 1950-тите години слушалките биле огромни, но Реј ги опишал како мали школки, кои пренесуваат електронски звук на океанот, низ кои влегува музика и разговор. Слушалките станале популарни дури во 2000 година.

Видео разговор

Автор: Хуго Гернсбек
Дело: Ралф 124Ц 41+ од 1911 година

Хуго опишал направа по име „телехот“ со која луѓето можат визуелно да комуницираат на големи далечини. Светот за прв пат се запознал со видео разговорите во 1964 година.

Патот до Месечината

Автор: Жил Верн
Дело: Од Земјата до Месечината од 1865 година

Еден век пред да се случи Верн го предвидел патувањето на месечината. Тој дури го сместил дејствието во Флорида каде што денес се наоѓа вселенскиот центар „Кејп Кенеди“.

Нуклеарна сила

Автор: Роберт А. Хеинлеин
Дело: Решението е незадоволително приказна од 1940 година

Роберт раскажува приказна во која Америка користи атомско оружје за да ја прекине Втората Светска војна. Ова се случило пред Америка да земе учество во војната и 5 години пред нападот на Хирошима и Нагасаки.

Бионски екстремитети

Автор: Мартин Каидин
Дело: Киборг од 1972 година

Каидин опишува човек кој што има тешки повреди и поради тоа му вградуваат бионски екстремитети и око. Научниците уште работат на усовршување на оваа технологија.

Систем за набљудување

Автор: Џорџ Орвел
Дело: „1984“ од 1949 година

Џорџ пишувал за држава во која мрежно поврзани безбедносни камери. Денес има 32 безбедносни камери во близина на куќата каде што Орвел ја напишал книгата.

Сателитска комуникација

Автор: Артур Ч. Кларк
Дело: Вселенската станица од 1945 година

Кларк имал теорија дека геостационарните сателити што ја обиколуваат Земјата еднаш дневно може да се употребуваат за комуникација.

Електрични автомобили и повеќе

Автор: Џон Брунер
Дело: „Stand on Zanzibar“ од 1969 година

Џон опишал дека во 2010 година во САД со државата управува Обоми. Тој пишувал за терористички напади и насиството. Луѓето во неговиот роман возеле електрични автомобили и слушале нов вид на „електронска музика“, исто така тој ги предвидел и супер-компјутерите и легализацијата на хомосексуалните бракови.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено