Повеќето луѓе ќе се согласат дека генерално е некултурно да се прашуваат другите луѓе за износот на нивната плата. Ако некогаш ви било поставено такво прашање, тогаш знаете колку тоа чувство може да биде непријатно.
Но, понекогаш, ние навистина не забележуваме како нашите едноставни прашања или активности можат да ги стават другите во непријатни позиции. Добрата вест е дека овие непријатни ситуации може да се избегнат со помош на некои едноставни правила за бонтон за пари.
10. Не коментирајте за нечии трошоци и избори.
Тоа е прилично некултурен, па дури и бескорисен начин да дознаете на што другите ги трошат парите. Ако го поканите вашиот пријател на одмор со вас и тој ја одбие вашата понуда, коментари како „Но твојата плата е поголема од мојата!“ Нема да ја промени неговата одлука, но може да влијае врз неговиот став кон вас. Дури и ако сте многу блиски пријатели, можно е да не сте свесни за деталите за финансиската ситуација на вашиот пријател (долгови, кредити, заштеди и сл.).
9. Размислете за финансиската состојба на вашите пријатели кога планирате нешто.
Ако знаете дека вашиот пријател отплаќа кредити или штеди пари за одмор, не инсистирајте да одите во луксузен ресторан. Би било подобро да ги прашате каде би сакале да одат, за да не ве одбијат.
8. Размислете за буџетот на секое лице ако сакате да собирате пари.
Ако собирате пари за пријател или колега, не ја наведувајте сумата за која што „сметате“ дека е доволна. За некои луѓе 500 денари, се многу, а за некои се малку, затоа кажете им да придонесат колку што сметаат дека е во нивните можности.
7. Сметката во ресторанот поделете ја фер, а не еднакво.
Кога сте излезени некој можеби порачал едно пиво, а друг порачал скап коктел, или пак некој не јадел, а другите изеле по 2-3 порции. На крајот не е фер сметаката да биде поделена на еднакви делови. Секој нека си го плати својот дел.
6. Ако побарате одредена услуга од ваш пријател платете го како што би го платиле било кој професионалец.
Да, можеби вашиот пријател е одличен фотограф или дизајнер, но не значи дека автоматски ќе добиете попуст. Без оглед на вашето пријателство, некој што троши време и ресурси за да создаде нешто за вас, треба да биде компензиран за неговата работа.
5. Немојте да се жалите за вашите проблеми со пари на пријатели кои заработуваат помалку од вас.
Да, веќе некое време сонувате за огромен плазма телевизор, но цените пораснале и ќе мора да почекате уште малку. Можеби тоа прави да се чувствувате лошо, но уште полошо ќе се чувствува пријателот кој го слуша тоа, а веќе 2 месеци штеди за да купи тостер. Подобро е да ги избегнете таквите жалби ако не сакате да ги вознемирите вашите пријатели.
4. Не прашувајте луѓе колку потрошиле за нешто.
Конечно, луѓето сфатија дека е невкусно да се интересираат за платата, но тие сѐ уште ги поставуваат прашањата од типо: „Колку плаќате кирија?“ И „Дали овие чевли се скапи?“ Само имајте на ум дека таквите прашања прават луѓето да се чувствуваат непријатно. Ако сте навистина љубопитни, проверете онлајн.
3. Секогаш исплаќајте ги своите долгови на време.
Ако позајмувате пари, треба да кажете кога ќе ги вратите и ќе го имате овој рок во предвид. Ако не го знаете точниот датум, треба да го известите лицето. Немој да се навредувате ако некој одбие да ви даде пари, пријателството ќе си остане пријателство, но никој не мора да ви биде спонзор.
2. Не се чувствувајте обврзани да позајмувате пари.
Некои луѓе не позајмуваат пари на пријатели и роднини и тие имаат причини зошто го прават тоа. Ако сте против вакви правила, осигајте се дека нема да има лош ефект врз вашиот буџет и односи. Подобро е да се каже „не“ отколку да се изгуби пријател, бидејќи тие нема да можат да ви ги вратат парите.
1. Не ги „подучувајте“ другите.
Дури и ако сте добронамерни, подобро е да не кажувате ништо кога станува збор за тоа што некој треба да прави со своите пари. Можеби знаете како да заштедите пари и како да заработите пари, но советот е ценет само кога е побаран, па затоа е подобро да почекате додека не ве прашаат пред да кажете ништо.