Не е лесно да си позната личност, или бар така велат. Иако се чини дека не постои причина некој да не ужива во тоа да биде познат, овие неколку луѓе не биле воодушевени од гламурот, папарацо потерите и брзиот живот.

10. Џони Деп

Џони Деп се појави во 80-тите години и се прослави со серијата 21 Jump Street. Денес тој е еден од најпознатите актери во светот. Деп си ја сака својата професија но не и славата што доаѓа со неа. Тој ја опишува славата како „живот на бегалец“. Исто така изјавил „Мислам дека никогаш нема да се навикнам на тоа. Повеќе години не можев да го сместам моето име во категоријата на познати.“ Тој исто така свири гирата и би сакал луѓето да го слушаат поради музиката а не поради тоа што е познат актер.

9. Марлон Брандо

Марлон Брандо имал кариера која траела 50 години. Во документарен филм за актерот тој зборувал за славата и актерството со доза на омраза. Исто така Марлон изјавил дека „би постапил различно во животот“ кога би можел. Тој велел дека актерите се лажговци и дека единствената причина поради која останал во Холивуд толку долг период е тоа што не можел да ги одбие парите.

8. Џастин Бибер

Бибер се прослави преку Јутуб, кога неговата мајка објавувала видеа како тој пее песни од познати изведувачи. Во 2009 излегол неговиот прв албум и оттогаш Џастин е сон на секоја тинејџерка. Но, тој често изјавувал дека славата за него е најтешката работа на светот, бидејќи тој почнал многу млад и му било прилично напорно.

7. Кори Фелдман

Кори станал познат од неговата 3та година и според него славата му го уништила детството и животот. Тој во едно интервју раскажува како тој бил злоставуван од човек, кој што бил најмен од неговиот татко и дека педофилијата била распространета во Холивуд. Тој се чувствувал како „роб на славата“ и за тоа најмногу ги обвинува неговите родители и останатите возрасни.

6. Деми Ловато

Деми исто така ја започнала кариерата кога била мала. Таа изјавила дека поради таквото темпо на живот таа имала пореметување во исхраната и била зависник од кокаин.

5. Лејди Гага

Откако Гага станала позната, ја опишала славата како многу осамена работа, „Не можам да помислам на било што друго што е повеќе изолирачко од тоа да се биде познат.“ Таа изјавила дека нејзината цел не била да стане позната и размслувала да се откаже од музичката кариера поради тоа. „Сокрив многу работи за да го зачувам мојот имиџ како суперѕвезда за моите обожаватели. Тоа ме излудуваше.“

4. Кристен Стјуарт

Кристен била откриена од агент кој бил во публиката додека таа настапувала на Нобогодишна претстава кога имала само 8 години и оттогаш нејзината популарност расте. Кристен изјавила: „Популарноста е најлошата работа во светот. Толку многу човечка енергија фрлена врз вас и да бидете секогаш критички анализирани навистина е загрозувачки.“

3. Шајлин Вудли

Шајлин се повеќе се оддалечува од актерството поради тоа што не ужива во популарноста и сега е активен уметник. „За мене зборовите популарност и славна личност се ужасни. Страсно ги мразам овие зборови.“

2. Бритни Спирс

Бритни стана мега-популарна по албумот Baby One More Time. На Бритни и било поставено прашањето дали некогаш посакува да не станала позната, на што таа одговорила: „Секогаш сум се прашувала за тоа. Всушност сум многу повлечена личност. Понекогаш и самата одрекувам дека сум позната. Премногу е… тажна сум.“

1. Мерилин Монро

Мерлин имала тажно детство и се омажила многу млада. Таа е една од напознатите актерки на сите времиња и вистински „секс симбол“. Еве неколку цитати од Монро, кои што се однесуваат на нејзината популарност:

Поттикнува завист, популарноста.
Популарноста е како кавијар, добро е да се има кавијар, ама не за секој оброк.
Мислам дека кога си позната личност секоја твоја слабост се претерува.

Сподели на Facebook
пати видено