Бизнисот со рестораните повеќе не вклучува само обезбедување на добра храна. Во нивните обиди да ги изненадат и воодушеват своите посетители, сопствениците на ресторани избираат интересни локации.

Јадењето на овие места не е само поради храната, туку и за добивање на уникатно искуство кое не може да се спореди со посета на кафулето во маалото.

Лабасин водопад, Филипини

Постои одморалиште наречено Вила Ескудеро на Филипините, каде што можете да го посетите ресторанот Labassin Waterfall кој се наоѓа во подножјето на мал водопад. Масите стојат веднаш во водата и ресторанот најчесто го посетуваат туристите кои сакаат да пробаат филипинска кујна во невообичаена средина.

Ресторан Трипод, Тајланд

Се чини дека сопственикот на овој ресторан веројатно помислил: „Ричек во птичјо гнездо? Зошто да не?“ Ресторанот му припаѓа на Сонева Кири Еко одморалиштето во Тајланд и претпоставуваме дека келнерите никогаш не се досадуваат – јадењата се служат со помош на „поштенски линија“ до 3 „гнезда“ на височина од 5 метри.

Ресторани Нјотаимори, Јапонија

Овој тип на ресторани е прилично познат во Јапонија. Името Nyotaimori се однесува на „служење храна на женското тело“. И покрај името, често се користат и машки тела. Оваа практика започнала во периодот на самураите и била дел од гејша културата – тие би ги поздравиле победниците кои се враќале од битките на таков интересен начин.

Итха, Малдиви

Што велите за вечера со ајкули, желки и ражи? Ако одговорот е да, тогаш треба да го посетите ресторанот Итха во Малдиви. Се наоѓа под вода на дното на Индискиот Океан. Одлична опција за оние кои сонуваат да го видат подводниот свет, но се плашат да нуркаат.

Вечера на небото, 45 земји

Основачите на концептот „Вечера во небото“ докажуваат дека дури и платформата која е прикачена на градежен кран може да биде ресторан. Белгија е татковина на овој проект, но нивните ресторани веќе се појавуваат во 45 земји низ светот.

Патем, дури и ако не се плашите од високи цени и места, тие имаат свои сопствени правила за да можете да вечерате тука: Гостите мора да бидат високи најмалку 150 сантиметри за да можат правилно да ги прицврстат на седиштето.

Ресторанот во колонијалните трамваи, Австралија

Посетителите на овој ресторан добиваат двојна корист – уживаат во прекрасните предели на Мелбурн и неговите предградија, како и можност да вечераат во ентериерот на стилски ретро трамвај. Ресторанот организира гала вечери и затворени приеми како утрински чај или појадок.

Ресторан Тринити, САД

Во 1904 година ова бил најголемиот и најсигурен банкарски центар во светот, но денес е претворен во убав ресторан и место за јадење во Њујорк. Ручек во стар сеф, зад ѕидовите од 35 тони … Се обложуваме дека неговите креатори никогаш не би помислиле дека ќе се користи на овој начин.

Ле Панорамик, Франција

Главната карактеристика на овој ресторан е погледот од 360° кој го прикажува Мон Блан. Прекрасен поглед на планината од надморска височина од 2.700 метри е доволен за да ги импресионира посетителите.

Ресторан Карпа, Занзибар, Танзанија

Името на ресторанот зборува за себе – тој бил отворено веднаш на врвот на карпеста форма која излегува од водата. Очигледно, немало доволно простор за 20 маси, но тоа не е важно.

 

Карвансарај, Азербејџан

Можете да ја пробате националната кујна во многу места во Баку, меѓутоа, постои само едно место каде што можете да го направите тоа невообичаено – онаа што го гледате на фотографиите погоре. Дизајнот на покривот е фасцинантен, нели?

Сподели на Facebook
пати видено