Антарктикот е најстуденото и најсуровото место на светот а нашиот јужен пол е еедно од најизолираните места. Оние кои живеат во „Амундсен-Скот-Јужен Пол“ станицата ги чека сезона полна со авантура, изолација, и уникатно искуство, кое се нуди само на мал број на луѓе. А ова се работите кои ги очекуваат сите оние кои би сакале да живеат на јужниот пол.
10. Едно изгрејсонце и зајдисонце годишно
Јужниот пол има едно изгрејсонце и зајдисонце годишно, секое од нив трае по неколку денови, додека сонцето целосно да се издигне или да исчезне под хоризонтот.
9. Не е потребен часовник
Откако сонцето ќе се крене тоа останува на небото се до летото, при што почнува бавно да се спушта кон хризонтот. Така сонцето сјае во текот на целиот ден и е лесно да се каже кое време од денот е. Кога е над одредена зграда или обележје во одредено време, тоа ќе биде на таа точна локација секој ден во тоа време. Ако време за ручек е кога Сонцето е над објектот за лансирање на балонот, тогаш секој ден во тој период можете да е упатите кон кафетеријата.
8. Додека да стигнете до таму можете да добиете вртоглавица
Кога ќе пристигнете на Јужниот Пол, релативно е лесно да се шетате. Мразот е добро спакуван и кристализиран, што создава нелизгава површина. Исто така е многу рамно. Изгледа многу слично со поголемиот дел од Антарктикот, со исклучок на надморската височина. Не постои контролор на ски-патот и колибата што служи како импровизиран аеродромот и додека да стигнете секогаш ќе бидете потсетувани на надморската височина.
7. Спиењето може да биде проблематично
Вашето тело на крајот ќе се приспособи на височината, но физиолошки, височината може да стане уште повисока поради атмосферскиот феномен кој го има само на половите. Кога барометрискиот притисок се спушта, воздухот станува погуст, како што тоа се случува секаде на Земјата. Нашата планета се врти на својата оска, создавајќи центрифугална сила. Оваа сила ја повлекува атмосферата кон Екваторот, што во суштина го влече небото кон поларните региони. Како што паѓа небото, воздухот станува потенок, издигнувајќи ја височината на Јужниот пол на повисоко отколку што веќе е. Бидејќи жителите живеат на 3.000 метри надморска височина, дополнителни 600 метри можат да ја предизвикаат истата несоница која планинарите ја имаат кога се качуваат на голема височина.
6. Изолирани
Додека во станицата може да има повеќе научни истражувања за време на летото, за зимските месеци останува само мала екипа од околу 50 луѓе. Овие луѓе се заглавени на дното на Земјата од средината на февруари кога ќе си замине последниот авион, па се до крајот на октомври или почетокот на ноември. Супер-фригидните температури во текот на зимата ќе го замрзнат авионското гориво и хидрауличната течност
5. Злобниот месец
По долгото зајдисонце следуваат неколку месеци ноќ. тука луѓето стануваат нервозни, анксиозни и депресивни. Тоа најмногу се чувствува во месец август. Работното време, живеењето и рекреацијата во истите простории со истите луѓе ги раздразнува луѓето.
4. Да се соблечете голи со пријателите
Додека температурите се брутално ладни и смртоносни без соодветна облека, термометарот ретко се намалува под -73 степени Целзиусови. Ова им дава можност на жителите да станат член на едно од најексклузивните братства на планетата: Клуб 300. Тие се собираат голи во сауната на истражувачката станица и ја загреваат топлината до 93 степени Целзиусови. Кога добро ќе се испотат, само по чизми одат до маркерот за географскиот јужен пол.
3. Поместување
Јужниот пол се наоѓа на мраз од 3 километри и мразот има тенденција да се лизга… често. Додека вистинскиот географски јужен пол не се движи, маркерот и објектите го прават тоа, со приближно 2,5 сантиметри на ден. Јужниот пол се поместува најмалку за 9 метри секоја година. Геодети ја посочуваат точната локација на Јужниот Пол, а маркерот се поместува секоја година.
2. Трчање околу светот
Трчањето е одличен начин за одржување на кондицијата но во овие ледени услови не е секогаш најдобрата опција. Но луѓето не можат да му одолеат на искушението за да се фалат дека буквално трчале низ целиот свет. Од станицата секоја година се организира трка од 5 километри.
1. Нова Година, повторно и повторно
На Јужниот Пол, може да влезете во било која временска зона со одење по неколку чекори. Нормално, ова е само формална љубопитност, но станува сериозна веселба на новогодишната ноќ. Поларните жители можат да ја прослават Новата Година во секоја временска зона на Земјата со движење на нозете.