Холивуд, со цел да продава што е можно повеќе билети, во многу нешта го има поедноставено и упропастено стариот мит за вампирите, така што холивудските вампири се далеку помалку страшни од оригиналната верзија.

Еве десет такви примери за тоа како е поткастрена вистинската природа на крвопијците од кои нашите предци толку многу се плашеле.

1. Животниот циклус на вампирот

vamp01

Според народните преданија, вампирот првин се појавува како меко, безлично суштество без коски. Наместо нос има остра муцка со која цица крв. Ако вампирот во ваква состојба успее да преживее четириесет дена, тогаш може да почне да развива коски. Оттука натаму станува сѐ потешко да се убие.

2. Вампирите се хранат и со мртви

vamp02

За време на Црната смрт во Европа, чест обичај било мртвите да се закопуваат со камен или тула во устата, со цел, доколку оживеат, да бидат спречени да се хранат со телата на другите покојни.

3. Вампирите не секогаш се благородници

vamp03

Повеќето современи филмови и романи вампирите ги прикажуваат како префинети благородници. А сепак, повеќето вампири од фолклорот ширум Европа се обични селани.

4. Вампирот може да се убие само со колец

vamp04

Друго огромно недоразбирање е дека вампирите можат да бидатт убиени само ако им се забие колец во срцето. Според народното творештво, тоа едноставно не е така. Често вампирите се уништуваат преку спалување. Има и други начини, како на пример: варење на нивната глава во оцет, закопување на нивното тело на крстопат или посипување на нивното тело со врело масло.

5. Вампирите имаат моќ

vamp05

Не, немаат. Претставата дека вампирите имаат некаква посебна моќ (телепатија, контрола на умот, способност да се претвораат во лилјаци и волци) е измислица на Холивуд. Во традицијата не се спомнува вакво нешто.

6. Како се станува вампир

vamp06

Современата митологија за вампирите вели дека вампир се станува само ако те касне друг вампир. Но, според традицијата, тоа не е единствениот начин. На пример, се верувало дека има веројатност незаконските деца да се повампират или доколку имате црвена коса, исто така има веројатност да се повампирите.

7. Има можност каснатиот од вампир сепак да не се претвори во вампир

vamp07

Според легендата, ако се сомневате дека сте каснати од вампир, треба да испиете пепел од изгорен вампир. За целосно да ја отстраните можноста да бидете нападнати од вампир, треба да направите леб со вампирска крв и да го изедете.

8. Нешта кои ги одбиваат вампирите

vamp08

Пред појавата на христијанството имало повеќе начини за одбивање на вампирите, на пример просипување на нешта како семе, сол, железо, ѕвонци, нане, обична вода итн.

9. Вампирите можат да имаат деца

vamp09

За разлика од тоа што го кажуваат филмовите, според традицијата вампирите сепак можат да имаат деца. Ако мртвиот сопруг се повампири, првата личност кај која оди е жената. Понекогаш исходот од ваквите средби е вампирски секс од кој се раѓа дете. Се сметало дека овие деца поседувале моќи кои им помагале да станат вампири.

10. Сончева светлина

vamp10

Идејата дека вампирите можат да бидат убиени од сончева светлина е исто така неодамнешна измислица. Во фолклорот не се спомнува такво нешто.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено