Дали и вие сте чувствителна личност? Дали премногу се грижите за чувствата на другите луѓе и сакате да бидете на тивки, мирни места. Деновиве сѐ повеќе луѓе се интересираат за интровертноста и карактеристиките на чувствителните луѓе.

Земете ја пример книгата „Тивките: моќта на интровертните во светот кој не може да престане да зборува“ на Сузан Кејн. Д-р Илејн Н. Арон, која прва го воспоставила изразот „високо чувствителни“ во современата психолошка и психотерапевтска литература, чувствителните луѓе ги смета за малцинство. Но, да се биде во тоа малцинство и не е толку лошо, бидејќи чувствителните луѓе се разликуваат на добар начин, бидејќи се карактеризираат со многу позитивни особини.

hsp

1. Нештата ги сфаќаат лично

За некои луѓе ова можеби е лошо, но сепак тоа не е така. Всушност, чувствителните луѓе подобро ги разбираат другите и многу сакаат да помагаат. Според едно истражување, чувствителноста може да се смета како нешто позитивно или негативно во зависност од културата. На пример, во Тајланд и Индија никој не се задева со чувствителните луѓе, додека во западната култура нештата стојат многу поинаку.

2. ИЗбегнуваат тимски спортови

Чувствителните луѓе претпочитаат да вежбаат сами, бидејќи не сакат да се чувствуваат како секој да го следи секое нивно движење. Најчесто се занимаваат со индивидуални спортови како велосипедизам, трчање и планинарење. Сепак, мора да разбереме дека ова не се случува секогаш, има и многу исклучоци. Тоа веројатно зависи од поддршката која ја добивале во семејството како деца.

3. Нивните чувства се навистина длабоки

Всушност, чувствителните луѓе нештата ги чувствуваат многу подлабоко од другите луѓе. Според д-р Тед Зеф, „тие се многу интуитивни и се нурнуваат длабоко во себе обидувајќи се да ги решат нештата.“

4. Во тешките ситуации реагираат повеќе

Чувствителните луѓе реагираат со сочувство кога слушаат за проблем на нивниот пријател, но исто така повеќе се грижат за другите реакции доколку се случи нешто лошо.

5. Не се многу спонтани

Токму спротивно од тоа, чувствителните луѓе тешко доневаат решенија, бидејќи сакаат да го проверат секој мал детал. Ова можеби звучи малку анксиозно, но внимателното донесување на решенија може да им заштеди многу маки.

6. Затоа многу мразат кога ќе донесат лошо решение

Чувствителните луѓе многу се лутат на себеси кога ќе сфатат дека направиле погрешен избор.

7. Внимателно набљудуваат

Чувствителните луѓе го забележуваат и најситниот детал во собата веднаш по влегувањето.

8. Луѓето мислат дека се повлечени, но не сите се такви

Според д-р Арон, триесет проценти од чувствутелните луѓе всушност се екстровертни, што зависи од средината во која пораснале.

9. Можат да бидат многу добри соработници

Поради тоа што внимаваат на секој детал, овие луѓе можат да бидат многу добри работници. Донесуваат правилни одлуки, одговорни се и промислени.

10. За жал, многумина од нив страдаат од анскиозност и депресија

Тоа се случува само со оние кои поминале низ нешто лошо. Но, факт е дека лесно се вознемируваат, почесто плачат и полесно ги погодуваат критиките на другите луѓе.

Сподели на Facebook
пати видено