Современата технологија е навистина впечатлива. Ова е свет во кој сите имаме достап до компјутер, комуникацијата е исклучително брза, а благодарение на Јутјуб секој може да стане ѕвезда. Но некои технологии од антиката биле толку напредни и совршени што дури ни денешните научници не можат да утврдат како било изведувано тоа.

Цемент

an01

Видот бетон кој денес е во употреба бил измислен во осумнаесеттиот век, но древните Римјани имале нешто многу подобро. Тие мешале вар, вода и дробени камења за да изградат градби како Колосеумот, древните аквадукти и Пантеонот. Римскиот цемент издржал две илјади години под најразлични временски услови, нешто што денешната верзија сигурно нема да го постигне. Тајниот рецепт за римскиот цемент бил изгубен за време на мрачниот среден век.

Сечење на камен

an02

Нашите предци минале низ цело камено доба и за време на тоа научиле сѐ во врска со камењата. Пума Пунку е добар пример за таа напредна технологија. Градот е постар од културата на Инките и постоел пред околу 15.000 години. Бил изграден од огромни камења на кои не се забележуваат траги од длето. Камењата совршено се зглобуваат еден во друг.

Куглање

an03

Старите Египќани имале алеи со ленти за куглање и имале своја верзија на играта, во која се употребувале кугли со различна големина и биле тркалани не кон кегли, туку кон дупка на средината на лентата. Противниците тркалале секој од својата страна обидувајќи се да ја отстранат куглата на противникот и да ја вкараат својата во дупката.

Оган

an04

Така е, древните и огнот го владееле подобро од нас. Грчкиот оган бил употребуван во војна и би уплашил и современа армија. Според легендите, грчкиот оган горел дури и на вода, се лепел за целта и предизвикувал целосно разорување. Се чувал во грниња од кои бил исфрлан на противникот, но со него стрелале и од бронзени цекви како џиновски огнофрлачи. Напалмот, откриен во четириесеттите на минатиот век, е најблиското нешто до грчкиот оган.

Ѕидови

an05

Старите народи и ѕидовите ги правеле подобро од нас. Древните ѕидови близу Куско во Перу се направени со блокови варовник кои тежат по 300 тони. Не се врзани со малтер, а сепак се толку совршено совршено поставени еден врз друг, што дури ни сечило од нож не може да се пикне помеѓу нив. Научници и инженери се обиделе да ја пресоздадат оваа технологија, и не успеале.

Обложување на метали

an06

Позлатувањето на нескапоцени метали е многу стар трик, кој се употребувал уште пред 2000 години, и тоа толку усовршено, што научниците не можат да ја откријат техниката со која се правело толку совршено. Позлатата е толку тенка, прекрасна и изедначена насекаде, и денес тоа не може да се изведе.

Патишта

an07

Во Римската империја се граделе патишта во времето кога луѓето оделе насекаде и не им биле потребни. Римските патишта биле правени од чакал, песок и тули од гранит и стврдната лава. Патиштата биле совршено прави и со мала косина за одлевање на атмосферската вода. Овие патишта се направени толку добро, што многу од нив и денес се во употреба, а биле направени пред 2000 години.

Исправени градби

an08

Хелиополис е стар град близу денешен Баалбек во Либан, кој го граделе Египќаните, Грците и Римјаните во различни периоди. Градот бил изграден со огромни монолити кои тежеле по 1200 тони, и се најголемите камени блокови употребувани за градба на Земјата, и се претпоставува дека датираат од бронзеното доба, пред 2000 години. Научниците не можат да разберат како тие огромни блокови биле извадени, пренесени, кренати и поставени на своето место. Дури и современите градители не можат да го постигнат тоа.

Челик

an09

Најдобрите сечила во светот биле правени од т.н. Дамаскински челик, кој се употребувал во периодот од 1100 до 1700 г.н.е. Ножовите и мечовите изработени од овој челик биле толку цврсти, што ги пресекувале сечилата направени од друг метал. Покрај својата цврстина, производите од овој метал се одликувале и со голема еластичност, и тоа било извонредно иновативна техника која денес не може да се пресоздаде, бидејќи тајната на изработка на овој челик е изгубена во осумнаесеттиот век.

Урбано планирање

an10

Културата Харапа во долината на реката Инд била толку добро организирана што ги дизајнирале некои од најубавите и најефикасни градови во човечката историја. Градовите Мохенџо Даро и Харапа биле планирани и организирани подобро од египетските и месопотамските градови, како и од градовите на сите други цивилизации.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено