Како што се зголемува бројот на луѓето кои живеат на оваа планета, така се намалуваат и ресурсите потребни за одвивање на нормален живот. Моментално 1 од 8 луѓе немаат доволно храна, а оваа бројка сериозно ќе се зголеми затоа што се очекува да има 9,4 милијарди луѓе до крајот на овој век. Овие 10 работи се само неколку кои што ќе ги снема од нашата планета, Земја.

10. Песок

Иако звучи бесмислено, овој недостиг е многу реален. Песок е околу нас на дневна основа, бидејќи тој е клучна компонента на бетонот, стаклото и асфалтот. Песокот не е само пустинска игра. Тоа е во нашите автопати, облакодери, па дури и во нашата паста за заби. Песок и чакалот, сочинуваат 85 проценти од сите рударски работи што се случуваат на Земјата и ја надминува стапката на обновување со загрижувачко темпо.

9. Ефективни третмани за гонореја

Првиот антибиотик за гонореја се појавил во 1940-тите години, но бидејќи болеста мутирала денес постои само еден вид на антибиотици кои ефективно делуваат врз пациентите. Во 2011 година се појавил првиот случај на гонореја во Јапонија и оттогаш научниците стравуваат дека можеме да останеме без соодветен лек.

8. Хелиум

Хелиумот освен за балони се користи и за многу други намени во медицината и науката. Но резервите на овој необновлив извор се намалуваат, а најблиското место каде што можеме да пронајдеме хелиум е Месечината.

7. Смртоносна инекција

Смртоносната инекција нема да исчезне затоа што нема доволно состојки за да се направи, туку затоа што скоро сите големи фармацевтски компании не сакаат да ги произведуваат. Ова создава проблем кај државите каде што постои смртна казна.

6. Почва

Според пресметана претпоставка од научниците ќе имаме плодна почва уште само 60 години. Со преголема обработка на почвата таа ги губи своите вредности и станува бескорисна за садење на култури. Како што расте популација така ќе расте и потребата за храна, која се добива од почвата и ќе настане голем проблем.

5. Сперма

Сеопфатна студија покажа дека од 1973 до 2011 година концентрацијата и бројот на сперматозоиди паднале за 52,4 проценти во Северна Америка, Европа, Австралија и Нов Зеланд. Ова се случува поради лошите животни навики, загадената животна средина и секако стресот.

4. Риби

Ако продолжиме да ловиме риба со оваа темпо, тогаш со текот на времето ќе го испразниме океанот. Уловот опаѓа за 2 проценти секоја година, а големите компании за преработка на риба имаат се поголема побарувачка.

3. Складирање на податоци

До 2020 година, се проценува дека ќе има 26 милијарди поврзани уреди во употреба, и тоа не ги вклучува приближно седум милијарди паметни телефони, компјутери и таблети. Податоците се од клучно значење за бизнисите и светската економија, со што набргу ќе мора да се пронајдат иновативни решенија за складирање на податоци.

2. Злато

Во последната деценија резервите на злато опаѓаат. Многу рударски компании, исто така, мораа да се справат со зголемено откажување на проектите поради прекумерен ризик.

1. Медицински сестри

Во иднина ќе има дефицит на медицински сестри. Тоа ќе се случи затоа што бројката на „возрасни граѓани“ константно се зголемува. Само во САД од 2010 до 2030 година се зголемила за 75%. Во иднина ќе се соочиме со голем дефицит во здравствената заштита, освен ако не направиме простор за нови медицински сестри.

Сподели на Facebook
пати видено