Сите знаеме од училиште дека Античкиот Египет е земја со пирамиди. Сите најверојатно сте гледале барем еден филм со мумии и фараони, а исто така се познати и по нивното писмо.

Но, во историјата на древниот Египет постои нешто што не е напишано во училишните учебници. На пример фараоните немале врска со слабите мажи кои ги гледаме на сликите и од статуите, а исто така мажите биле во „оние“ денови.

Пивото не го пиеле туку го јаделе

Пивото било основа на исхраната на древните Египќани, без разлика на полот на возраста и богатството. Египетското пиво кехмет било подготвувано со ферментирање на зрна од жито, леб и сок од урми и било во форма на каша и се јадело во чинија.

Специјални робови ги одвлекувале мувите од фараонот

Мувите ги мачеа древните Египќани уште повеќе од современото човештво. Фараоните имале робови кои биле намачкани со мед и така ги привлекувале мувите кон себе наместо да одат кон фараонот.

Фараоните биле дебели

Научниците, по спроведувањето на рендгенска анализа на мумиите, заклучија дека сликите и статуите немаат ништо заедничко со реалноста: богатите Египќани и особено фараоните биле со прекумерна тежина и не биле здрави.

Проктолозите биле во голема побарувачка

Како што знаете, Египќаните имале напредна медицина за своето време. Докторите од древниот Египет имале дури и специјализации. Имало, на пример, стоматолози, офталмолози, хирурзи. Но, проктолозите биле особено популарни, тие биле задолжени да ги чистат цревата на Египќаните.

Децата не носеле облека до адолесценцијата

До почетокот на пубертетот, древните египетски деца не носеле облека и чевли. Исто така, им била избричена главата за да не дојде до појава на вошки.

Повеќето мажи имале ПМС

Египќаните верувале дека мажите исто така имаат менструација. Тоа било толку вообичаено што мажите кои немале крв во урината се сметале за инфериорни. Факт е дека повеќето Египќани страдале од шистозомијаза, паразитна болест која била пренесувана преку контаминирана вода. Хроничната шистозомијаза можела да доведе до анемија, неплодност и понекогаш смрт.

Казнување или помилување, за тоа одлучувала статуа

Во епохата на Новото Кралство (1550-1069 п.н.е.), свештениците почнале активно да интервенираат во судските процеси, а во ситуации каде што судиите сметале дека е тешко да се донесе пресуда на сцена стапувале статуи на богови. На два посебни листа пишувало казна или помилување, а статуата требала да се сврти кон одлуката. Тие биле манипулирани од свештениците кои земале поткуп за одлуките.

За изневерување го ампутирале носот

Прељубата во древниот Египет не била вообичаена иако била осудувана. Брачните другари можеле сами да го решат проблемот или да одат на суд. Во овој случај, на мажот му се заканувале само 1.000 удари со стап, а жената можела да се соочи со посериозни последици: ампутација на носот, па дури и смртната казна.

Контрацепција од мед и магарешко млеко

Поради некоја причина, древните Египќани сметале дека пастата од мед, сок од урми и магарешко млеко спречува несакана бременост.

Жените отворено ги малтретирале на улиците

Според Херодот, во древниот Египет, мажите го привлекувале вниманието на жените така што свиркале по нив. Тие исто така им го покажувале своите гениталии и им кажувале секакви зборови. Немало казна за ваков вид на однесување.

Сподели на Facebook
пати видено