Понекогаш истите досадни патувања почуваат да ни претставуваат повеќе товар отколку начин за релаксација. Во светот постојат повеќе необични места кои што се уникатни по својот изглед и начин на функционирање и доколку се најдете на некоја од овие локациии задолжително посетете ги следните места.
10. Црквата во форма на висока потпетица, Тајван
Оваа црква е изградена во облик на огромен стаклен чевел. Нејзината висина е 16 метри и е составена од над 300 парчиња сино-затемнети стакла. За нејзиното создавање, архитектите биле инспирирани од бајката за Пепелашка и нејзиниот стаклен чевел.
9. Беаујолаис Ноувеау Спа, Јапонија
Во Yunessun Spa Resort, гостите можат да се релаксираат и да пливаат во огромна винска бања со шише со вино високо 3,6 метри во близина. Во прилог на овој третман, посетителите на одморалиштето можат да се натопат во чоколадо или кари или да направат кафе-бања.
8. Волшебниот свет на Хари Потер, Флорида
Паркот за забава посветен на „Момчето кое живееше“ и неговиот магичен свет зафаќаат 8 хектари. Сите атракции и декорации во оваа област се дизајнирани да ја рекреираат атмосферата на нашите омилени книги и филмови за Хари Потер.
7. Улицата на гумите за џвакање, Калифорнија
Оваа улица е создадена во Сан Луис Обиспо во 1960-тите. Од тогаш се покажа како вистинско уметничко дело. Лепливото ремек-дело е направено од високи ѕидови од 4 метри покриени со гума за џвакање од туристи од целиот свет.
6. Страшниот бунар, Англија
Ако ставите некој предмет во овој природен бунар кој се наоѓа во пештерата Мајка Шиптон и го оставите некое време, тој ќе се здобие со камена надворешноста. И нема ништо мистично во овој феномен! Водата во бунарот има необично количество минерали што испаруваат и ја покриваат површината на секој предмет што ќе го ставате внатре.
5. Храмот Карни Мата, Индија
Ова чудно место е населено со повеќе од 20.000 стаорци, кои се сметаат за свети. Стаорците се нарекуваат „kabbas“ и се обожаваат од локални луѓе и туристи од целиот свет. Ако сакате да влезете во храмот, треба да ги собуете чевлите. И ако имате шанса да јадете нешто што веќе јадел еден од стаорците, можете да се сметате за посебно благословени!
4. Аванос Музер на косата, Турција
Овој музеј бил отворен во 1979 година, кога еден локален грнчар, Чез Галип, морал да се раздели со својата сакана. Ја прашал за сувенир по кој ќе ја памети и таа му дала парче од нејзината коса. Ја ставил косата на ѕидот на продавницата за грнчарија. Кога посетителите го прашувале за косата, тој им ја раскажувал својата приказна. Другите жени биле толку изненадени од неговата тага што почнале да ги оставаат прамените од косата за него. Тогаш Галип одлучи да го отвори музејот. Денес, изложбата има повеќе од 16.000 прамени на косата прикачени на ѕидовите внатре.
3. Карнхенџ, Небраска
Карнхенџ се наоѓа во близина на градот Алијанса, и ја претставува американската верзија на Стоунхенџ. Тој бил создаден со 38 стари американски автомобили, од кои сите биле обоени со сива боја и наредени во круг. Архитектонот, Џим Рејндерс, ја посветил својата конструкција на долгоденицата во 1986 година.
2. Белиот ресторан, Џорџија
Креаторите на првата превртена зграда одлучиле да го комбинираат задоволството и корисноста и отвориле ресторан.
1. Ванг Саен Сук Пеколната градина, Тајланд
Ако отсекогаш сте сакале да го видите пеколот тогаш Пеколната градина во Тајланд е иделаното место за вас. Градината ги прикажува сцените од будистичката интерпретација на пеколот. Влезниот знак гласи „Добредојдовте во пеколот“ и навистина ќе се чувствувате како гости на ѓаволот во овој парк! Овде ќе најдете статуи на мачени души со глави на животни.