Дали некогаш сте се запрашале зошто автоматски ве привлекува некоја личност којашто ќе ја видите на улица? Па, тоа сепак не е романтична љубов на прв поглед – се работи за чиста биологија.

z01

При едно истражување од 2006 година се открило дека мажите кои биле гладни извесен период ги сметале жените со малку поголема тежина за малку попривлечни, за разлика од ситите мажи кои не сметале така. Истражувачите веруваат дека ова можеби е еволутивен одговор бидејќи жените со поголема тежина симболизираат пристап до повеќе ресурси, како на приме храна.

z02

Австралиско истражување докажало дека жените повеќе ги привлекуваат брадосани отколку мазно избричени мажи. Истражувачите ова го објаснуваат со еволуцијата – жените чувствувале дека мажите со бујна брада се посекси. Имено, мажите со брада се восприемаат како посериозни, и потенцијално подобри татковци и заштитници на семејството.

z03

Постои причина зошто во толку многу песни и други референци од поп културата се зборува за жени во црвен фустан, а не во син. Жените кои носат црвено се сметаат за посекси бидејќи црвеното е боја на сексуалната возбуда. Мажите кои носат црвено се восприемаат како многу моќни и успешни мажи. Ефектот на црвената боја е познат и помеѓу останатите припадници на животинскиот свет.

z04

Ова ќе зазвучи малку Фројдовски. Истражувачите откриле дека луѓето зачнати од постари родители (од триесет години нагоре) повеќе ги привлекуваат цртите на лицето коишто покажуваат знаци на стареење, отколку младоликите лица.

z05

Симетријата на лицето се смета за попривлечна, бидејќи се смета за знак на добро генетско наследство.

z06

Мажите ги привлекуваат жените со повисок глас бидејќи тоа симболизира младост и помало тело. Жените повеќе ги привлекуваат мажи со длабок глас бидејќи тоа се поврзува со поголемо тело.

z07

Истражувачите откриле дека 82 отсто од луѓето чувствувале поголема самодоверба кога приоѓале на некого кон кого чувствуваат привлечност. Истото функционира и во обратна насока, чувствувате поголема самодоверба кога ви приоѓа некој кој ви се допаѓа.

z08

Смејте се дури и ако не ви е до смеење. Според истражувачите, насмевнатите жени се восприемаат како попривлечни. Но ако сте маж, можеби би сакале да размислите дали да му покажете на светот колку сте среќни, бидејќи општо земено мажите кои често го покажувале своето чувство на среќа се доживуваат како помалку привлечни.

z09

Е добро дами, можеби конечно е време да намалите со шминката, бидејќи според научниците мажите повеќе ги привлекуваат жени коишто носат помалку шминка и се поприродни.

z10

Ова можеби ќе ви звучи малку варварски, но мажите со лузни им се попривлечни на жените. Лузните се доживуваат како резултат на насилни средби и може да означува силина или храброст. Кога е резултат на несреќа, се поврзува со личност која презема ризици. Во секој случај, тоа е уште еден начин на препознавање на машкост.

Сподели на Facebook
пати видено