Децата би требало најбезбедно да се чувствуваат во училишните клупи, но овие 10 трагедии покажуваат дека понекогаш училиштето може да биде место каде што се остваруваат најлошите кошмари.
1. Универзитетот во Тексас
На 1 март 1966 година Чарлс Витман, поранешен војник и студент на Универзитетот во Тексас, ја убил својата сопруга и мајка во своите домови, а подоцна истиот ден влегол во Универзитетот со пушки и пиштоли. Во рок од 90 минути, Витман убил 15 студенти и повредил уште 32 лица.
2. Ерфурт, Германија
Инцидентот се случил на 26.04.2002 година во спортската сала на училиштето во Ерфурт. Убиецот, 19-годишниот ученик Роберт Штајнхаузер пукал и убил 16 лица – 13 се работници во училиштето, двајца ученици и еден полицаец. Потоа се убил. Двајцата ученици беа убиени случајно, бидејќи Штајнхаузер се обидувал да ги погоди наставниците, најверојатно да се одмазди поради тоа што бил исфрлен од училиштето.
3. Данблејн, Шкотска
Том Хамилтон, 43-годишен напаѓач, со пиштол убил 16 деца и еден наставник, при што 15 други биле повредени во училиштето во Данблејн на 13 март 1996 година. По нападот Хамилтон се самоубил, застрелувајќи се.
4. Малот Таршиха, Израел
Ова е палестински терористички напад што се случил во мај 1974 година. Неколку луѓе биле убиени во градот, а подоцна напаѓачите се упатиле кон основното училиште во градот, при што загинале повеќе од 115 лица (105 од нив биле деца). Тие потоа земале заложници, а на крајот убиле 25 од 68 заложници. Сите терористи подоцна биле убиени од страна на израелската полиција.
5. Њутаун, Конектикат
Инцидентот се случил на 14.12.2012 година. 20-годишниот Адам Ланза убил 20 деца (на возраст од 6 до 7 години) и 6 лица кои работат во училиштето. Кога полицијата пристигнала на местото Ланза се самоубил. Пред нападот во училиштето, Адам ја убил својата мајка во нејзиниот дом.
6. Универзитет во Блуксберг, Вирџинија
На 16 април 2007 година, студентот Сунг Ху Ху, кој имал тешки ментални проблеми, пукал и убил 32 лица и повредил 17 други лица пред да изврши самоубиство.
7. Бат Тауншип, Мичиген
Нападот бил извршен на 18.05.1927 година од страна на 55-годишниот земјоделец Ендрју Кехоу. Тој детонирал неколку експлозиви во училиштето, при што загинале 38 деца и 6 возрасни. За време на операцијата за спасување биле пронајдени уште 230 килограми експлозив, што укажува на тоа дека Кехоу имал намера да го разнесе целото училиште. По нападот тој се самоубил така што го дигнал автомобилот во воздух со експлозив.
8. Пешавар, Пакистан
На 16 декември 2014 година, 7 терористи нападнале училиште во Пешавар, при што загинало 141 лице, од кои 132 биле ученици. Терористите имале намера да убијат што повеќе луѓе, но биле убиени за време на престрелката.
9. Гариса, Кенија
На 2 април 2015 година, четири напаѓачи почнале да пукаат на Универзитетот Гариса, Кенија. Тие убиле 148 лица и повредиле други 79 лица. Сторителите земале 700 заложници, ослободувајќи ги муслиманите и убивајќи ги оние кои велеле дека се христијани. Четирите напаѓачи биле убиени.
10. Терористички чин во Беслан, Русија
Инцидентот започнал на 1.09.2004 година и продолжил цели 3 дена. 1100 лица биле земени како заложници, а 385, од кои повеќето деца, биле убиени. На третиот ден, руските власти ја опкружиле зградата со помош на тенкови и оружје. Сите терористи биле убиени.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!