На јавноста отсекогаш и пребало возбуда која ќе им го одземе здивот, а циркусот бил едно од најпопуларните места во минатото каде што можеле да го доживеат тоа. Најмногу од сѐ ги сакале претставите со „чудовишта“, односно луѓе со различни „мутации“. П.Т. Барнум беше првиот шоумен кој фундаментално го промени циркусот и го создаде првото „фрик шоу“ со голем број необични луѓе. И покрај фактот дека шоуто на Барнум било измама, билетите секогаш биле распродадени веднаш по објавувањето, благодарение на неговите манипулаторски вештини.
Ова се најнеобичните циркуски точки што некогаш постоеле во историјата. Дами и господа, уживајте во шоуто!
1. Алар, човечка стрела
Панси Зедора, исто така позната како Алар, човечката стрела, настапувала со својата сестра и зетот со Циркусот Барнум и Бејли како „Човечката стрела“ и „Летечките Зедори“. Таа дејствувала како живо оружје – била истрелувана како стрела во воздухот од 12-метарски самострел преку хартиена цел, а ја фаќала нејзината сестра која се нишала на трапез. Таа ја зачудувала толпата со својата способност да лета на големи растојанија со таква точност и грациозност.
2. Грејди Стилс, момчето јастог
Грејди Френклин Стилс Џуниор бил дел од „фрик шоу“. тој бил шестата генерација на семејството Стилс родени со ектродактилија, вроден дефект кој предизвикува дланките и стопалата да изгледаат како канџи. Грејди два пати се оженил и имал 4 деца, од кои 2 имале ектродактилија и заедно настапувале како „Семејството јастози“.
3. Алојс Питерс, Човекот со железен врат
Алојс Питерс бил германски акробат со уникатна вештина, тој можел да скокне од платформата од 22 метри во воздухот со јамка за околу вратот и да остане жив. Тој настапувал повеќе од 10 години, а последниот и фаталниот настап бил во 1943 година.
4. Госпоѓица Октавие Латур
Госпоѓица Октавие Латур била каскадер со автомобил и таа настапувала за Браќата Ринглинг и Барнум и Бејли циркусот во 1905 година. Таа возела мал автомобил со голема брзина на рампа, таа правела салто со автомобилот на крајот од патеката.
5. Френк „Ѓуле“ Ричардс
Френк можел да издржи удар од ѓуле (47 килограми) исфрлено од топ, двапати дневно. Тој вежбал така што дозволувал боксери да го удираат во стомакот и луѓе од публиката да го газат по стомакот за да развие „отпорност“.
6. Жозефин Гирадели, огноотпорна жена
По нејзиниот прв настап во 1816 година Жозефин го добила прекарот „Огнената кралица“ затоа што била отпорна на оган и ставала во устата врело олово, ставала жежок блок врз главата со голи раце, одела боса на жешка плоча, ставала стопен восок на јазикот и готвела јајца со голи раце во врело масло.
7. Самуел Гилберт Скот
Самуел стокал од секакви високи места. По морнарицата, тој станал професионален каскадер и се нурнал во провалија во близина на Нијагарините водопади, што се сметало за скок од 180 метри. Историчарите мислеле дека тоа е невозможно. Во Корнвол, тој скокнал од крапа висока 73 метри во вода од 2 метри. но дошло до проблеми со опремата и тој за малку ќе се угушел. За среќа го спасил некој морнар. Кога тоа се случило повторно и јажето се завиткало околу неговиот врат, гледачите мислеле дека тоа е дел од трикот, а кога сфатиле дека не е било премногу доцна.
8. Ел Нињо Фарини и Госпоѓица Лулу
Самјуел Васгејт бил сирак, усвоен од страна на акробат Вилијам Леонард Хант, исто така познат како Гилермо Антонио Фарини. Сем станал познат уште на 10 години, по неговата неверојатна точка Le Tambour Aerial by El Niño Farini, во која што свирел на тапан, додека балансирал на трапезна шипка со заднит дел од неговиот врат.
Во 1870 година, тој почна да се претставува како женски акробат Госпоѓица Лулу. Сепак 8 години подоцна „Лулу“ се повредила на сцената и неговиот вистински пол им бил откриен на обожавателите. По ова Ел Нињо продолжил да настапува како машко.
9. Генерал Том „Палецот“
Чарлс Шервуд Стратон било вистинското име на познатиот генерал. Тој почнал да настапува на 5-годишна возраст како Генерал Том „Палецот“. Стратон се појавил два пати пред кралицата Викторија. Тој, исто така, се сретнал со тригодишниот принц од Велс, кој станал крал Едвард VII.
10. “The LionDrome” – Ѕидот на смртта
Ова е Етел Пуртл и нејзиниот крал лав во 1949 година. „Бестрашниот Егберт“ бил британски шоумен и еден од првите што се возеле на „ѕидот на смртта“, специјално направена патека за правење акробации во гравитација, во 1920-тите и 1930-тите. Најпознатиот ѕид бил Liondrome” во кој возачот е придружуван од дресиран лав.