Само во Македонија на прашањата „Каде да седнам?“ „За што да се фатам?“ и „Што да јадам?“ ќе добиете еден ист одговор.
– – – – – – –
Детето на Јапонка и Македонец е чудна комбинација! Многу му се работи, ама го мрзи да стане.
– – – – – – –
Операција „Метла“. Се подготвуваат сериозни промени во кабинетот на Премиерот. Неговата сликата од едниот ѕид ќе биде преместена на другиот.
– – – – – – –
Македонецот не сака да работи во недела, а пцуе кога маалското продавниче е затворено.
– – – – – – –
Нема таква сила на светот што може да го разубеди Македонецот кој решил да се начука.
– – – – – – –
Не си Македонец ако се сопнеш од камен и не му ја опцуеш мајката на каменот.
– – – – – – –
Само во Македонија, кутијата од купените чевли трае повеќе од чевлите.
– – – – – – –
Македонецот има две скриени мечти: Да прежвее до петок и да не умре од пиење до понеделник.
– – – – – – –
Македонија има два основни проблеми: Политичарите и патиштата. Едниот проблем може да се реши со валјак, но со патиштата е посложено!
– – – – – – –
Последниот кој ќе ја напушти Македонија, да ги изгасне сијалиците и да го земе знамето!