Повеќето луѓе сакаат на сите можни начини да го избегнат затворот. Од логични причини. Затворот ја ограничува слободата, затворениците се соочуваат со физички и психички проблеми, така што нормално е да не сакаме да одиме во затвор. Но, сепак постојат луѓе кои очајно сакале да бидат затворени.

10. Луси Бојер

Во 2017 Луси не се појавила на нејзиното сослушување пред судот. Наредниот ден дошла во полициската станица за да се пријави, а кога полицајците и кажале дека бидејќи задоцнила само еден ден, не мора да оди во затвор, Луси почнала да ги моли да ја затворат. Подоцна таа признала дека требала да пренесе дрога(хероин) до затворениците скриена преку аналниот отвор.

9. Лоренс Џон

Во 2016 година 70-годишниот Џон бил депресивен и и кажал на сопругата дека подобро ќе оди во затвор отколку да седи дома. Тој отишол во банка, кажал дека има пиштол, земал 2.000 долари и седнал во лобито на банката и го чекал обезбедувањето, а потоа и полицијата. По неколку месеци Џон ја објаснил неговата ситуација и се извинил на банката, тој добил 6 месеци домашен притвор.

8. Џапет Ингланд

19-годишното момче сакало да е заедно со неговиот татко кој бил затворен во 2017 година. Тој фрлал камење на полицискиот автомобил кој го превезувал неговиот татко, избол со нож полицаец и на другиот му плукнал во лицето. Џапет завршил во затвор, но далеку од татко му.

7. Валтер Унбехаун

73-годишниот Валтер поголемиот дел од животот го поминал во затвор и кога конечно бил ослободен не можел да се навикне на животот надвор. Затоа тој ограбил банка и кога полицајците го пронашле тој изјавил: „Само сакав да си одам дома. Во затворот се чувствувам поудобно.“

6. Трој Крејн

Трој бил зависник од дрога, но немал средства и осигурување за да се лекува. Затоа во 2016 отишол во банка и приложил фалсификуван чек, откако вработените го одбиле, но не го пријавиле, тој ја ограбил банката и седнал на столчето во банката. Потоа го прашал банкарот колку време ќе им треба на полицајците за да пристигнат. Трој бил уапсен а во затворот веднаш добил бесплатно лекување.

5. Ричард Џејмс Верон

Во 2008 година Ричард бил отпуштен од работа по 17 години, тој останал без осигурување и пари, а неговото здравје значително се влошило. Затоа тој отишол во банка и кажал: „Ова е грабеж, Ве молам да ми дадете еден долар.“ Полицијата го уапсила Ричард и тој почнал да се лекува во затворот.

4. Ленс Емануел Браун

Откако бил пуштен од затвор во 2011 година Ленс завршил во засолниште за бездомници, но бил избркан затоа што се степал со некого. Тој бил многу гладен и немал каде да преспие. Затоа отишол во полициска станица и претел дека ќе го убие прецедателот, полицајците не го сфатиле сериозно. ЛЕнс тогаш излегол од зградата, земал цигла и го скршил прозорецот. Ленс добил казна затвор од 9 месеци.

3. Ета Мае Лопез

Во 2013 година Ета сакала очајно да престане да пуши цигари. Но, не можела да го направи тоа. Таа сметала дека ќе успее само ако ја затворат во место каде што нема да има пристап до цигари. Затоа отишла пред полициската станица и чекала да се појави пред неа плицаец, таа првин му го блокирала патот, а потоа му удрила шлаканица. Ета била затворена 63 дена.

2. Џамејн Мејкпис

Џамејн бил бездомник во 2010 година и немал каде да оди и сметал дека затворот е единствениот начин да се спаси. Тој првин скршил излог на Dunkin’ Donuts, со изговор дека немал чевли на нозете и бил гладен. Кога бил ослободен по некој месец, тој отишол во болница и им претел на вработените, а неколку дена подоцна и на луѓето во Бургер Кинг. Добил неколку дена затвор, но кога излегол повторно бил на улица. Потоа тој застанал пред канцеларијата на окружниот службеник и фрлил неколку предмети на стаклените врати и прозорци, кршејќи многу од нив. Кога завршил, стоел до скршеното стакло и чекал да и се предаде на полицијата.

1. Линда Томсон

Како трансродна жена, на Линда Томсон ѝ било тешко да најде работа или засолниште за бездомници каде што ќе биде добредојдена. Таа крадела бакарни жици и метал за да може да се прехрани, а неколку пати била и во затвор. Кога ја претепале таа сфатила дека единствениот спас според неа е да се врати во затворот. Линда ограбила банка, а кога излегла од банката ги фрлала парите во воздух и им ги давала на минувачите. Потоа седнала на паркингот пред банката и ја чекала полицијата. Линда веднаш го признала грабежот и од судијата барала „што е можно подолга казна затвор“. Линда добила 6 години казна затвор.

Сподели на Facebook
пати видено