Дали понекогаш ви доаѓа да го треснете компјутерот од земја во моменти кога треба што побрзо да завршите некоја работа или да видите нешто? Немојте, еве десет нешта кои би можеле да помогнат.
Често рестартирајте
Колку подолго работат програмите на вашиот компјутер, толку повеќе меморија зафаќаат како што одминува времето. Рестартирањето ги ресетира програмите и ги исклучува тие кои сѐ уште работат во позадината.
Деинсталирајте ги непотребните програми
Програмите кои не ги употребувате или тие кои сте ги инсталирале случајно, или апликациите кои ги додал производителот/дистрибутерот а кои не ви се потребни, сето тоа може да ја намали изведбата на вашиот компјутер непотребно зафаќајќи ви простор на вашиот хард диск. Отворете го контролниот панел и кликнете на „Add and Remove Programs“ или „Programs and Features“, во зависност од вашата верзија на оперативниот систем, погледнете кои програми се инсталирани и решете дали ви се потребни или не.
Често употребувајте софтвер за чистење
Програмите како CCleaner можат да ви помогнат да ги најдете и отстраните привремените датотеки и многу програми кои можеби ја успоруваат работата на вашиот компјутер.
Исклучете ги непотребните анимации и ефекти
Поновите оперативни системи се опремени со многу атрактивни ефекти и анимации кои изгледаат убаво, но зафаќаат добар дел од компјутерските ресурси.
Апдејтувајте го вашиот антивирус софтвер, и користете добар антивирус
Вирусите се едни од најчестите виновници за бавниот компјутер, но понекогаш антивирусната програма може да биде исто толку лоша колку и вирусите кои треба да ги отстрани. Такви се MacAfee или Norton кои го кочат системот и додеваат со честите пораки. За корисниците на Windows, Microsoft Security Essentials развиен од Мајкрософт е една од подобрите антивирусни програми, лесна е и ефективна, не го кочи системот, а од бесплатните една од подобрите е Avast. Но, сепак треба да бидете умни и со вашите навики на пребарување, т.е. просто да избегнувате некои сајтови и да внимавате каде кликате.
Редуцирајте ги програмите кои се активираат при вклучување на компјутерот
Големиот број програми кои се активираат при вклучувањето на компјутерот можат сериозно да ја забават неговата работа како и процесот на вклучување.
За Windows 7 кликнете на Старт менито и побарајте „msconfig“. Стартувајте ја програмата и кликнете на Startup за да ја видите листата на програми кои се активираат при вклучувањето и отштиклирајте ги тие кои не ви требаат.
Во Windows 8 можете да го повикате ова мени преку Task Manager. Но, внимавајте кои програми ги исклучувате.
Чистете го кешот на вашиот пребарувач
Полниот кеш со привремени датотеки можат да ја забават работата и ефикасноста на вашиот пребарувач. Во зависност од вашиот пребарувач, кликнете на менито за нагодувања и исчистете ја историјата на пребарувања.
Додадете RAM
Додавањето на дополнителна RAM меморија може значително да ја подобри работата на вашиот компјутер. Оваа алатка на Њуег, може да ви помогне да ја одберете вистинската компонента за вашиот систем.
Набавете SSD диск
SSD дисковите се значително побрзи од традиционалните хард дискови. Доколку не се вешти во поврзувањето на компјутерскиот хардвер, ќе ви треба помош од некој со такви познавања, но штом еднаш ќе ја инсталирате оваа компонента, ќе забележите сериозно пдобрување во работата на вашиот компјутер.
Форматирајте го вашиот компјутер
Форматирањето е еден вид нуклеарка со која ќе се ослободите од вирусите, но исто така може да ја врати ефикасноста и брзината на вашиот компјутер кои ги имал кога сте го купиле. Форматирањето ве враќа на самиот почеток, па така ќе имате можност да решите кои програми ви се потребни, имајќи можност да бирате дали да ги инсталирате или не. Пред да се решите на вакво нешто, зачувајте ги податоците кои ви се потребни и не сакате да ги изгубите.