Многу луѓе завршуваат како жртви на криминал. Иако на нив веќе им е нанесена одредена штета, некои криминалци едноставно сметаат дека не е доволно и бараат од нивните жртви да им надоместат за физички повреди или слични барања за кои сметаат дека ги „заслужуваат“. Иако често овие тужби се неуспешни, сепак ова претставува „секундарна виктимизација“ за луѓето кои веќе еднаш страдале поради овие криминалци.

10. Давид Белниак

Во 2007 година семејствата МекВилијамс и Баси тргнале на Божиќна вечера, кога застанале на црвено светло на семафот. Тогаш камионот зад нив не застанал и директно удрил во нив со брзина од 138 километри на час. Три лица загинале а едно било тешко повредено. Возачот Давид имал алкохол и кокаин во неговата крв кога се случила несреќата. Давид бил осуден за убиство, но тој тврдел дека возачот на автомобилот поради одредени лекови бил збунет и ја сменил лентата во последен миг и затоа тој не можел да ги избегне. Белниак ги тужел семејствата за нанесување на психичка штета и барал 15.000 долари. Неговата тужба била одбиена.

9. Ендру Бурнет

Автомобилот на Сара Мекбурнет случајно го удрил автомобилот на Ендру. Тој избувнал и почнал да ја напаѓа Сара. Ендру го земал нејзиното куче кое било на седиштето и го фрлил пред автомобил. Добил затворска казна од 3 години. Кога излегол ја тужел Сара и еден весник поради тоа што сметал дека го клеветеле и оцрнувале.

8. Рик Ерл Бодин

Во 1982 година средношколецот Рик и неговите пријатели отишле во локалното средно училиште за да крадат светла од салата. Рик се качил на кровот и успеал да извади едно светло и да го даде на пријателот, но бидејќи не го забележал светларникот затоа што бил пребоен, Рик застанал врз него и паднал. По падот Рик не можел да зборува. Неговите родители го тужеле училиштето поради тоа што сметале дека светларникот претставува опасност за која нема предупредување. Тие успеале да добијат 260.000 долари.

7. Џеси Димик

Џеси бил бегалец обвинет за убиство. Тој влегол во куќата на семејството Ровли во 2009 и им се заканувал со пиштол дека ќе ги убие доколку не му помогнат. Семејството изреагирало многу смирено и се однесувале со Џеси како да е нивен гостин, а кога тој заспал тие избегале од куќата и повикале полиција. Џеси добил казна атвор од 47 години, а го тужел семејството Ровли поради тоа што го прекршиле „договорот“ дека ќе му помогнат да се скрие од полицијата.

6. Нигел Сукс

Нигел ограбувал пицерија во 2010 година, но бил совладан од персоналот. Во 2014 година тој поднел тужба до персоналот и самата пицерија поради употреба на „непотребна“ сила. Тужбата била одбиена.

5. Самјуел Кутруфели

Во 2012 година Самјуел сакал да го ограби 90-годишниот Џеј Леон во неговиот дом. Џеј успеал да дојде до неговата пушка и го застрелал Самјуел четири пати, а Самјуел го погодил Џеј во вилицата. Кога бил уапсен Самјуел поднел тужба против Џеј поради тоа што му нанел тешки телесни повреди. Тужбата била одбиена.

4. Скот Њутон Кернс

Скот во 2000 година неколку пати злоставувал 10-годишно девојче. Тој го признал делото и добил 20 години затворска казна. Но, Скот решил да ја тужи неговата жртва поради тоа што сметал дека тој самиот е жртва на заговор помеѓу девојчето, неговата мајка и обвинителот. Неговата тужба била одбиена а добил и плус 12 месеци казна.

3. Скот Зиелински

Скот ограбувал продавница во 2007 година и им претел на вработените со нож. Токму кога сакал да си замине еден од вработените земал пушка и двапати го застрелал Скот. Тој добил 8 години затвор за кражбата и ги тужел вработените за нанесување на тешки телесни повреди.

2. Брендон Ферон

Во 1999 година Брендон и Фред сакале да го ограбат домот на Тони Мартин. Тој кога слушнал дека има некој во неговиот дом ја земал пушката и кога се симнувал по скалите испукал куршум со кој го убил Фред, а сериозно го ранил Брендон. Тони и Брендон биле уапсени. Брендон добил 3 години затвор, а Тони 5 години. Брендон го тужел Тони затоа што поради повредите кои тој му ги нанел не можел да спортува и да ужива во сексуалните односи.

1. Марк Гилберт

Во 2008 година Симон Кремел сфатил дека неговиот вработен Марк го ограбил за 845 фунти. Затоа тој го натерал да носи натпис по улиците „Крадец, украдов 845 фунти и сега ќе одам во полициска станица.“ Симон навистина го однел во станицата и Марк бил уапсен а подоцна пуштен со кауција. Марк го тужел Симон за нанесување на психичка болка, поради навреди и срам. Симон морал да му исплати околу 6.000 евра на Марк.

Сподели на Facebook
пати видено