Македонија 2019, криза за медицински персонал.
– Докторе, само да прашам, како оди мојата операција?
– Не оди добро, но штом си буден, притискај тука со прстот!
– – – – – – –
После прегледот докторот ме прашува:
– Во вашето семејство имало ли луѓе со психички проблеми?
– Не, докторе…
– Е па, честито! Веќе има!
– – – – – – –
– Ако слушнам уште една зае*анција во врска со мојата тежина, ќе те треснам со пепелникот по главата! Разбра ли !!!
– Разбрав.
– Што разбра?
– Разбрав дека освен што си дебела, планираш и да ме убиеш…
– – – – – – –
Докторе… Навистина ли сум стерилен?
– За жал да…
– Лелеее… сега како да ѝ кажам на жената, дека децата не се од мене?!
– – – – – – –
Докторот го прашува пациентот:
– Кој хороскопски знак сте?
– Рак.
– Опааа, имаме совпаѓањеее…
– – – – – – –
Бабата на Јован ја уби метеорит. Тоа е редок случај ѕвезда што паѓа да исполни нечија желба!
– – – – – – –
Таа:
– Секогаш ли сте толку шармантен?
Тој:
– Само во петок или кога разговарам со убава жена.
– О, благодарам!
– Што благодарам мори, петок е!
– – – – – – –
Канибал си нарачал вечера со достава до дома и сега не знае што да прави со моторчето.
– – – – – – –
– Земја, земја! – извика радосно единствениот преживеан од бродоломот.
– Месо, месо! – со уште порадосен глас извикаа домородците од зад грмушките.
– – – – – – –
Бабата му ѕвони на зетот:
– Се вратив дома, а целиот стан мириса на плин… Се плашам.
– Нема ништо страшно, седни и запали една цигара да се смириш.