– Докторе, колку време ми останува да живеам?
– 5…
– Што пет?
– 4, 3, 2…
– – – – – – –
Две баби седат на клупата пред зградата:
– Митро, изгледа овој мојот оди по к*рви!
– Мори твојот умре, заборави?!
– Ааа, тој затоа ли не се прибира дома!
– – – – – – –
Тој:
– Како да си се здебелила?!
Таа:
– Некој друг знае ли дека си тука?
– – – – – – –
1. Лоша вест:
– Пензиите во Македонија се многу ниски!
2. Добра вест:
– Нема да доживеете до пензија!
– – – – – – –
Кај докторот:
– Ќе треба да го примате овој лек до крајот на животот.
– Но докторе, овде на декларацијата пишува да не се прима повеќе од два месеци!
– Да де да.
– – – – – – –
На Зоки Поки умрел дедо му. Наредниот ден оди на училиште и учителката го прашува:
– Зоки, кои му беа последните зборови на дедо ти?
– Немој да ја нишаш скалата, копиле мало…
– – – – – – –
– Здравo мамо, ти се јавувам само да ти кажам дека јас сум во болница…
– А бе престани така да почнуваш! Веќе 8 години си доктор!
– – – – – – –
Пијан маж ја отвора вратата од станот и губи сознание. После некое време се освестува и ја прашува жена си:
– Сонце мое, што беше тоа?
– Сончев удар!
– – – – – – –
Најлошо е кога веќе си умрел и си се опуштил, си се смирил, ја гледаш светлината на крајот од тунелот, топлина и ангелска музика и наеднаш… Докторот те буди со 5000 волти и ајде, во понеделник пак на работа во 7 сабајле.
– – – – – – –
Луд психопат посипал неколку купчиња пари со отров и ги донирал во домовите за деца без родители во Македонија.
Настрадале 20 пратеници, 3 градоначалници и 12 советници. Настрадани деца нема.