Дијалог на чет, дечкото ѝ пишува на девојката:
– Ти да не ми се лутиш?
(пишува…)
(пишува…)
(пишува…)
(пишува…)
– Не!

– – – – – – –

– Згрешив оче, со попот од другото село…
– Зошто си одела дури до таму, чедо?!

– – – – – – –

– Си јадела лук?
– Да! Од каде позна?
– Од 3 метри…

– – – – – – –

Ако ме мачи несоница си велам:
„Ако не заспијам во следните 5 минути, почнувам да правам стомачни.“
Секогаш ми успева и заспивам моментално.

– – – – – – –

Разговараат двајца скијачи почетници:
– Како ти оди со скијањето?
– Како молња сум!
– Како молња???
– Да бе, секој пат удирам во различно дрво.

– – – – – – –

– Мажу, нели ти реков дека веќе е време за зимски гуми?
– Молчи и туркај!!!

– – – – – – –

Колега се фали во канцеларијата:
– Вчера скокнав со падобран!
– И како беше?
– Се почувствував како вистинска птица. Леташ-сереш, леташ-сереш!

– – – – – – –

– Имате ли апчиња против инает?
– Имаме.
– Нема да си купам!

– – – – – – –

– Тато, решив да се женам!
– И како се вика снаата?
– Тодор.
– Како Тодор бе, па тоа е момче!
– Како не, момче – 40 години е…

Сподели на Facebook
пати видено