Концесионер на плажа во Грција колне друг концесионер: Да даде Господ да ти дојдат 3 автобуси Македонци со по 2 торбици конзерви!
– – – – – – –
– Ех, да ја слушав мајка ми што ми велеше…
– Што ти велеше?
– Па ти кажувам… не слушав!
– – – – – – –
Прашале еден македонски државен службеник:
– Што е тоа некомпетентност и рамнодушност?
– Не знам и не ме интересира!
– – – – – – –
– Стави ми еден со две топки.
– Да ѝ ставам еден и на жена ти?
– Не, таа ќе го лиже мојот.
– – – – – – –
Таман се стемнило, се враќам вечерта дома и слушам од зад една трафостаница строг женски глас:
– Веднаш остави го пиштолот! И ножот! Откопчај го патентот! А сега спушти ги панталоните…
Пополека се приближувам и погледнувам, некое мало дете ќе моча.
– – – – – – –
– Извинете, Госпоѓице, веќе цел час Ве гледам. Тие гради Ваши ли се?
– Не сосема! Имам уште две рати од кредитот!
– – – – – – –
– Учителу Чанг, зошто сите Кинези се исти?
– Јас не сум учителот Чанг.
– – – – – – –
– Дефинирајте “релативно”.
– Три влакна за една глава се малку, но за една супа се многу.
– – – – – – –
Жените и с*ксот се како политичар и мито.
На почетокот:
– Ооо, не, не!
А после:
– Зошто толку малку?
– – – – – – –
Мажот налутен вика по жената:
– Маро, ајде да ми објасниш затоа што нешто мене не ми е јасно!?
– Што?
– Зошто шишето со ракија ми е половина празно?
– Затоа што си песимист, затоа!