– Добро бе, колеги, кој последен беше во тоалетот?!
– Јас!
– Вие ли шефе? Колку убаво мириса!
– – – – – – –
– Кога сум нервозна, јадам чоколадо!
– Но ти постојано јадеш…
– Имам тежок живот…
– – – – – – –
– Добар ден! Дојдов да си купам машина за перење!
– Модел?
– О, благодарам за комплиментот, воспитувачка сум во градинка!
– – – – – – –
Женска логика:
– Не ми пишува, нема да му пишам ни јас!
Машка логика:
– Не ми пишува, ќе пишам на друга…
– – – – – – –
– Драги, ќе ми ги купиш ли овие чевли?!?
– Не, немам толку пари!
– Тогаш пак јас денес имам добиено…
– – – – – – –
Две плавуши седат и си разговараат:
– Муци, кое е поблизу, Месечината или Лондон?
– Значи многу си смотана! Кога ќе го отвориш прозорецот навечер, што гледаш – Месечината или Лондон?!
– – – – – – –
Двете најголеми грижи на мажите:
1. Колата испушта чудни звуци!
2. Жената не испушта никакви звуци!
– – – – – – –
Жената со заканувачки глас кон мажот:
– Ако само уште еднаш ми речеш дека сум дебела, ќе те оставам!
– Чекај драга, немој! Мисли на нашиот син!
– Син?!
– Да, син! Зарем не си трудна?
– – – – – – –
– Маче, кажи ми што имаш на себе?
– Само гаќички…
– А некоја земја, плац, куќа?
– – – – – – –
7 часот наутро. Тишина во полниот градски автобус. Наеднаш се слуша силно кучешко лаење. Еден маж го вади мобилниот од џебот и со нежен глас вели:
– Кажи душо!